Фотографија од млада лекарка креирана со вештачка интелигенција се споделува како вистинска
Ја пребаравме фотoграфијата на Гугл, но не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува во поново време, само во Фејсбук групи со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи.
Ја пребаравме фотoграфијата на Гугл, но не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува во поново време, само во Фејсбук групи со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која споделува фотографија од млада девојка облечена во бел мантил со букет цвеќе во рацете и во која се вели:
Солзи радосници за дипломата ,но далечината го прависвоето !
На фотографијата има напис на хрватски јазик во кој се посочува:
Денеска станав докторка и плачам бидејќи моите родители не можеа да бидат тука за да видат како моите соништа се остваруваат. Неколку убави зборови за мене би ми го стоплиле срцето.
Објавата во моментот на нашата анализа има 343 допаѓања, 142 коментари и 2 споделувања.
Ја побаравме фотoграфијата на Гугл, но не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува во поново време, само во Фејсбук групи со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи.

Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција.
Тоа го потврдува Гугл, но и алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција.

Така на пример Sightengine, покажува дека фотографијата е 99 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

Според алатката Hive, фотографијата е 99,9 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

На социјалните мрежи сè почеста станува практиката да се злоупотребуваат фотографии креирани со помош на вештачка интелигенција за да се подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај и видливост на групата, со цел да се креира емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар