Фотографија од сообраќајка во Германија злоупотребена за кликбејт објава на Фејсбук

„Вистиномер“ ја пронајде фотографијата која е искористена за невистинито кликбејт дезинформирање со алатката за обратно пребарување фотографии. Оваа фотографија е објавена уште на 8 октомври 2024 година, на германска веб-страница.

Во конкретниот случај „Вистиномер“ ја пронајде фотографијата која е искористена за невистинито кликбејт дезинформирање со алатката за обратно пребарување фотографии. Оваа фотографија е објавена уште на 8 октомври 2024 година, на германска веб-страница

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

ВО ЖИВО: Тажна Вест во собраќајна несреќа загина Познатата Пејачка Вики -Погледни повеќе во коментар…

Во склоп на објавата се споделува фотографија од сообраќајка на автопат со смачкан автомобил кој со задниот дел е под камион. Во коментарот на објавата има линк кој не води кон веродостоен сајт, ниту кон веродостојна информативна содржина (вест), туку е кликбејт кој води на надворешна страница, Али експрес.

Кога „Вистиномер“ по вторпат го провери линкот, бевме пренасочени на друга страница, платформа за онлајн тргување.

И третпат го проверивме линкот, но и овојпат не најдовме вест за „страшната сообраќајка во која загинала познатата пејачка Вики“, туку ни се отвори сајт со некакви видеосодржини.

Тоа само потврдува дека секој нов клик на линкот до наводната вест, наместо кон најавената содржина, води кон нови линкови кои се менуваат, што претставува кликбејт содржина.

Кликбејт е вид на онлајн содржина, линк до содржина или фотографија која е дизајнирана да го привлече вашето внимание и да ве натера да кликнете на неа, честопати користејќи претеран, погрешен или сензационален јазик. Целта е да се привлечат кликови, а не да се информира точно, и содржината внатре честопати не го исполнува ветувањето во насловот.

Кликбејт најчесто се користи за зголемување на сообраќајот на веб-страницата или зголемување на сообраќајот на социјалните мрежи (лајкови, споделувања, коментари). Ваквите содржини ги доведуваат во заблуда читателите, ја намалуваат довербата во содржината или издавачот и им даваат приоритет на емоциите и шокот – пред вистината.

Во конкретниот случај „Вистиномер“ со алатката за обратно пребарување фотографии ја пронајде фотографијата која е искористена за невистинито кликбејт дезинформирање. Оваа фотографија е објавена уште на 8 октомври 2024 година, на германска веб-страница.

Статијата се однесува на смртоносна сообраќајка која се случила на автопатот А44 помеѓу Зест и Верл во близина на Ампен. Како што се вели во веста, 25-годишен фудбалер  загинал, млада жена била во критична состојба, а друг млад човек бил тешко повреден.

Според првичните сознанија на патролата на автопатот во Дортмунд, 41-годишен Полјак го возел својот камион по автопатот А44 кон Верл во саботата навечер околу 18:15 часот. Од сè уште непознати причини, тој скршнал од патот надесно и удрил во БМВ кое било запрено на работ на патот. Камионот и БМВ-то застанале на работ на патот 135 метри по ударот, се наведува во написот.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција