Фотографија од стопен семафор во Италија се споделува како да е од Македонија
Фотографијата од стопениот семафор нема никаква врска со Македонија. Таа веќе три години се споделува на социјалните мрежи со тврдења дека потекнува од разни земји. Сепак, фактите говорат дека фотографијата е од улица во Милано и на неа е прикажан семафор што се стопил од пожар во негова близина, е не од сонцето
Фотографијата од стопениот семафор нема никаква врска со Македонија. Таа веќе три години се споделува на социјалните мрежи со тврдења дека потекнува од разни земји. Сепак, фактите говорат дека фотографијата е од улица во Милано и на неа е прикажан семафор што се стопил од пожар во негова близина, е не од сонцето
Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од стопен семафор и ја прикажува како да е во Македонија.
Фотографијата, но овојпат споделена како да е во Куманово, може да се најде и тука.
При обратно пребарување на Гугл на фотографијата споделена во објавата, откривме дека истата фотографија ја споделуваат многу корисници на социјалните мрежи барем од јуни 2023 година. Таа во 2023 година исто била споделена кај нас и прикажана како од Ресен.
Фотографијата може да се најде и на некои веб страници во статии објавени во 2022 година. Тие може да се видат тука и тука.
Корисник на Фејсбук ја споделил фотографијата во 2022 година, споменувајќи дека станува збор за слика од стопен семафор во Милано, Италија. Кога пребарувавме дополнителни извори, пронајдовме слична фотографија во статија објавена од веб-страницата за проверка на факти „Отворено“. Оваа веб страница објави дека станува збор за слика од стопен семафор на раскрсница што ги поврзува улиците Виа Бермаго и Виале Реџина Маргарита во Милано. Според написот, на 25 јули 2022 година, двоколка паркирана веднаш до семафорот се запалила на раскрсницата. Семафорот, наводно, се стопил поради топлината предизвикана од огнот, а не од сонцето.
Значи, фотографијата од стопениот семафор нема никаква врска со Македонија. Таа веќе три години се споделува на социјалните мрежи со тврдења дека потекнува од разни земји. Сепак, фактите говорат дека фотографијата е од улица во Милано и на неа е прикажан семафор што се стопил од пожар во негова близина, е не од сонцето.
Поради сето ова можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар