Фотографија од вежба против ебола од 2025 година, лажно го прикажува хантавирусот како фарса
Ова не е фотографија од моменталната епидемија на хантавирус, тоа е вежба за спречување на случаи на ебола, спроведена во 2025 година во Алмерија.
Ова не е фотографија од моменталната епидемија на хантавирус, тоа е вежба за спречување на случаи на ебола, спроведена во 2025 година во Алмерија. Обратното пребарување на слики покажува дека сликата не е неодамнешна и нема никаква врска со епидемијата на хантавирус откриена на крузерот MV Hondius, што резултираше со три смртни случаи. Оригиналната фотографија ја објави Пристанишната управа на Алмерија на 7 мај 2025 година, во соопштение за медиумите
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Фарсата наречена ХАНТА ВИРУС може да започне ..
Објавата споделува и фотографија на која се гледаат неколку здравствени работници во лична заштитна опрема (ЛЗО) како транспортираат лице, додека маж без маска и без никаква заштита, снима со камера. Ова, според објавата, е доказ дека неодамнешните случаи на хантавирус на брод се измама. Ваквото тврдење е неточно. Фотографијата не е неодамнешна. Таа е од вежба спроведена во 2025 година во Алмерија, јужна Шпанија, за вежбање на трансфер на пациент со ебола.
Обратното пребарување на слики покажува дека сликата не е неодамнешна и нема никаква врска со епидемијата на хантавирус откриена на крузерот MV Hondius, што резултираше со три смртни случаи. Оригиналната фотографија ја објави Пристанишната управа на Алмерија на 7 мај 2025 година, во соопштение за медиумите.
Ова одговара на вежбите MARSEC, кои Морнарицата ги координира на годишно ниво од 2006 година со Генералниот директорат за надворешно здравство (SGSE) при Министерството за здравство. Како што објасни Пристанишната управа, во 2025 година беше спроведена вежба „за мерење на капацитетот за одговор на пристигнување на брод со можни случаи на ебола“.
Веста ја објави и агенцијата Europa Press.
Вежбата на MARSEC има за цел не само да ги евалуира тековните протоколи, туку и да обезбеди сите вклучени администрации брзо, ефикасно и на координиран начин да реагираат на потенцијална реална вонредна состојба, објасни Аранзазу Мартин, делегат на регионалната влада на Андалузија во Алмерија, во 2025 година.
Од сето ова можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар