Фотографија создадена со вештачка интелигенција собира лајкови и коментари на Фејсбук

Имајќи предвид дека фотографијата не можеме да ја најдеме на некои сериозни веб-страници, освен на Фејсбук страници за забава и тоа на бугарски јазик и дека Гугл сугерира оти истата е дело на ВИ, можеме да заклучиме дека објaвата што ја анализираме е невистина

Имајќи предвид дека фотографијата не можеме да ја најдеме на некои сериозни веб-страници, освен на Фејсбук страници за забава и тоа на бугарски јазик и дека Гугл сугерира оти истата е дело на ВИ, можеме да заклучиме дека објaвата што ја анализираме е невистина

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Нашата мајка е чистачка. Сите нè израсна сама и денес дипломиравме.  Ќе ви бидеме благодарни ако и ги упатите вашите најдобри желби. Ви благодариме!

Објавата е доста вирална и истата споделува фотографија на која се гледаат две момчиња облечени како дипломци, како стојат покрај жена облечена во портокалово одело кое асоцира дека таа работи како хигиеничарка. Објавата може да се најде и тука.

Момчињата се идентични и делуваат како да се близнаци. Но, тоа не мора да значи. Анализирајќи претходно слична објава, веќе имаме пишувано дека алатките за креирање фотографии со вештачка интелигенција, исто така, знаат да генерираат лица со исти ликови.

Со цел да провериме од каде е оваа фотографија, истата ја пребаравме на Гугл. Таа се појавува на неколку бугарски Фејсбук страници (тука,тука,).

Фото: Принтскрин

Интересно е што фотографиите на линковите од бугарските фејсбук страници се исти со онаа која ја анализираме, но имаат мали разлики, на пример во делот на раката на мајката, на едната фотографија како да држи некаква честитка, а раката и изгледа неприродно. На оваа фотографија  мајката изгледа некако послаба и на раката има црн часовник.

Овие делови укажуваат дека фотографијата е креирана со вештачка интелигенција.

Кога стиснавме на копчето About this image, пребарувачот на Гугл – Ленс ни посочи дека фотографијата е креирана со помош на Вештачка интелигенција (ВИ).

Фотографијата ја проверивме и на алатката Хајв (Hive) која открива содржини креирани со ВИ. И таа потврди дека фотографијата содржи елементи на ВИ.

Доколку се погледне внимателно фотографијата, ќе се види дека на папката што ја држи едно од момчињата, која делува како папка од диплома, нема испишано ништо, односно не стои името на универзитетот или факултетот каде што тие наводно дипломирале.

Вистиномер и претходно има пишувано за вакви слични објави кои со помош на вештачка интелигенција преку емоции, сакаат да дојдат до што е можно повеќе интеракции на своите објави.

Имајќи предвид дека фотографијата не можеме да ја најдеме на некои сериозни веб страници, освен на Фејсбук страници за забава и тоа на бугарски јазик и дека Гугл сугерира оти истата е дело на ВИ, можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција