Фотографија создадена со ВИ манипулира дека европските лидери со наведнати глави го чекаат Трамп

Со проверка на фотографијата со специјализиран софтвер за детекција на содржина со вештачка интелигенција, поточно Hive-moderation и Sightengine, обете алатки заклучија дека веројатноста сликата за која станува збор да биде креирана со вештачка интелигенција е 99 отсто

Со проверка на фотографијата со специјализиран софтвер за детекција на содржина со вештачка интелигенција, поточно Hive-moderation и Sightengine, обете алатки заклучија дека веројатноста сликата за која станува збор да биде креирана со вештачка интелигенција е 99 отсто

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија на која се прикажани дел од европските лидери како со наведнати глави чекаат средба пред канцеларијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

ПОПАРЕНИТЕ

Европските лидеришта во чекалната на Белата Куќа, пишува во описот на фотографијата.

Фотографијата се споделува како да ги прикажува европските лидери пред нивниот состанок со Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа.

Нашата проверка покажа дека фотографијата е создадена со помош на вештачка интелигенција.

Еден елемент што на прв поглед укажува дека сликата е конструирана преку вештачка интелигенција е диспропорцијата што се забележува помеѓу лицата што се појавуваат на неа и бројот на нивните нозе. Како што може да се види на фотографијата, помеѓу францускиот лидер Емануел Макрон и двете жени се појавува пар нозе што не одговара на ниту една личност на фотографијата.

Дополнително, како што се гледа од вистинските видеа и фотографии од состанокот на европските лидери, облеката што ја носат се разликува од онаа прикажана на фотографијата што е предмет на нашата анализа.

Со проверка на фотографијата со специјализиран софтвер за детекција на содржина со вештачка интелигенција, поточно Hive-moderation и Sightengine, обете алатки заклучија дека веројатноста сликата за која станува збор да биде креирана со вештачка интелигенција е 99 отсто.

Врз основа на горенаведеното, тврдењето дека фотографијата споделена во објавата што ја анализираме прикажува шефови на држави како чекаат со наведнати глави да се сретнат со американскиот претседател, е лажно. Таа не е вистинска фотографија, туку е конструирана со употреба на вештачка интелигенција.

Поради тоа објавата ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција