Фотографијата на која човек турка бебешка количка со риба во аквариум е креирана со помош на ВИ
Нашата проверка покажа дека фотографијата не е автентична, туку е креирана со помош на вештачка интелигенција. Тоа го потврдува Гугл, но и алатките за детекција на содржини креирани со вештачка интелигенција.
Нашата проверка покажа дека фотографијата не е автентична, туку е креирана со помош на вештачка интелигенција. Тоа го потврдува Гугл, но и алатките за детекција на содржини креирани со вештачка интелигенција
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Отиде светот во неповрат…
Објавата споделува и фотографија на која се гледа човек како облечен во крзнена бунда, бермуди и папучи, турка бебешка количка со аквариум со риба. Покрај него стојат луѓе кои го гледаат зачудено.
Во склоп на коментарите корисниците на социјалната мрежа пишуваат: „Е од сите лудости за оваа сум највесел затоа што рибата се шета по земјата“, „Аууу Господиии“ итн. Во моментот на пишувањето на оваа анализа, објавата има над 50 допаѓања и 1 споделување.

Кога ќе ја побарате фотографијата на Гугл, истата може да ја најдете на унгарска Фејсбук страница, со истиот човек, но поинаква позадина.
Фотографијата ја има и на Инстаграм, но тука човекот кој ја турка количката е друг лик.
Нашата проверка покажа дека фотографијата не е автентична, туку е креирана со помош на вештачка интелигенција (ВИ). Тоа го потврдува Гугл, но и алатките за детекција на содржини креирани со вештачка интелигенција.

Кога Вистиномер ја постави фотографијата во алатка за проверка на содржини креирани со вештачка интелигенција „Sightengine“, добивме резултат дека се работи за фотографија 97 проценти креирана со вештачка интелигенција.

Според алатката „Hive“, фотографијата 99,9 проценти е креирана со вештачка интелигенција.

Користењето на алатки за креирање на фотографии со вештачка интелигенција имаат за цел да измамат реакции кај граѓаните, кои мислат дека се работи за вистинска приказна, но всушност се изманипулирани со сосема непостоечка содржина.
Во последно време на социјалните мрежи многу често се злоупотребуваат фотографии креирани на ваков начин за да се подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај и видливост на групата, со цел да се креира емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар