Фотографијата на која двајца полицајци во Париз го „привеле“ Пинк Пантер е генерирана со ВИ
Проверката на фотографијата на неколку веб-страници кои детектираат содржини креирани со ВИ покажа дека станува збор за фотографија генерирана со помош на вештачка интелигенција
Проверката на фотографијата на неколку веб-страници кои детектираат содржини креирани со ВИ покажа дека станува збор за фотографија генерирана со помош на вештачка интелигенција. Исто така, германскиот јавен сервис ZDF, во анализата објавена на 20 октомври, конкретно ја споменува сцената во која полицајци го носат Пинк Пантер и заклучува дека сликите од оваа серија се генерирани или изменети со вештачка интелигенција. Со иста оценка излезе и сервисот за проверка на факти на Би-би-си
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која споделува фотографија вели:
ПИНК ПАНТЕР УАПСЕН НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ПАРИЗ
Од протестите кои се одржуваат низ неколку градови во Франција се појавија интересни фотографии на кои некои граѓани протестираат преоблечени во јунаци од анимирани филмови. Пинк Пантер накрајта заврши во рацете на париската жандармерија.
Инаку денеска се случија немили настани кога многу дуќани беа разурнати и ограбени од групи што имаат поинакви цели. Многу е важно да се направи разлика меѓу автентичните демонстранти кои протестираат со идеал и надеж за подобар живот од оние што повредуваат недолжни граѓани, ограбуваат продавници или ги палат историските споменици. На масовните протести понекогаш се приклучуваат организирани радикални групи, но и лица кои ја користат ситуацијата за други агенди.
Истата фотографија ја споделува и друга објава како „најраспространетата слика од протестите во Франција“.
Нашата проверка покажа дека станува збор за фотографија генерирана со помош на вештачка интелигенција. Тоа ни го потврдија неколку веб-страници кои детектираат содржини креирани со ВИ.

Фотографијата на која двајца полицајци го носат лицето облечено во костим на Пинк Пантер беше предмет на проверка и од меѓународни медиуми. Германскиот јавен сервис ZDF, во анализата објавена на 20 октомври 2026 година, конкретно ја споменува сцената во која полицајци го носат Пинк Пантер и заклучува дека сликите од оваа серија се генерирани или изменети со вештачка интелигенција.
Со иста оценка излезе и сервисот за проверка на факти на Би-би-си.
Според ZDF, авторот е креаторот AliFramez, кој објавувал вакви сцени како уметнички проект и ги означувал како содржина создадена со вештачка интелигенција. Ова е важен показател дека станува збор за фиктивна сцена, а не за документирано полициско приведување.
Во разговор за BBC Verify, „АлиФрамез“ го опишал ова како „уметнички проект“ и рекол дека немал намера сликите да „станат вирални“ за време на демонстрациите во Париз.
Покрај оваа, на социјалните мрежи се споделуваа и други фотографии од „учеството на Пинк Пантер на протестите во Франција“, секако изработени со вештачка интелигенција.
Поради сето ова, оценуваме дека објавата е невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар