Фотографијата на која татко пилот позира со две бебиња е креирана со вештачка интелигенција

Слични фотографии може да се најдат и на други Фејсбук страници и на Инстраграм. Идејата е иста, татко со две бебиња близнаци позираат на аеродромска писта, во позадина се гледа авион, а тие во рацете држат рози. Фотографиите се разликуваат во позите, тука на пример бебињата седат на нозете на таткото, или пак ликот на таткото е друг

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Моите две ќерки, кои ги одгледав сама, денес полни 1 година. Како татко, би бил многу среќен ако можете да ми испратите честитки.

Објавата споделува и фотографија на која се гледаат еден маж облечен како пилот како позира со две бебиња на аеродромска писта. Тој и бебињата во рацете држат букети од рози.

Целата објава на прв поглед изгледа како да е невистинита. Прво, објавата е напишана со Гугл транслејт, во женски род, а станува збор за татко. Понатаму, доколку ги погледнете бебињата ќе видите дека се исти, односно на нозете имаат ист број линии, чорапите им се со иста висина, што асоцира на вештачка интелигенција.

Фотографијата ја побаравме на Гугл и таа се појавува на Фејсбук страница на бугарски јазик која споделува содржина од забавен карактер.

Слични фотографии може да се најдат и на други Фејсбук страници и на Инстраграм. Идејата е иста, татко со две бебиња близнаци позираат на аеродромска писта, во позадина се гледа авион, а тие во рацете држат рози. Фотографиите се разликуваат во позите, тука на пример бебињата седат на нозете на таткото, или пак ликот на таткото е друг.

Фотографијата ја проверивме и на алатката Хиве која детектира содржини креирани со помош на вештачка интелигенција.

Оваа алатка утврди дека фотографијата не е реална.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата е невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција