Фотографијата на која Зеленски е во прегратка на Епстин е креирана со вештачка интелигенција
Доказ дека фотографијата на која Зеленски е во прегратка на Епстин е манипулирана е фактот што постои оригиналната фотографија од која е направена измената со вештачка интелигенција.
Доказ дека фотографијата е манипулирана е фактот што постои оригиналната фотографија од која е направена измената. На оригиналот, објавен од британскиот весник Гардијан за време на судскиот процес против Гислејн Максвел во 2021 година, се гледаат Џефри Епстин и Гислејн Максвел, а не Володимир Зеленски. Фотографијата е дел од серија автентични снимки што американското обвинителство ги објави како доказен материјал на судењето на Максвел
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук, каде што е споделена фотографија за која се тврди дека го прикажува украинскиот претседател Володимир Зеленски во прегратка со Џефри Епстин. Фотографијата се користи како „доказ“ дека Зеленски бил близок со осудениот сексуален престапник.
Проверката на Вистиномер покажа дека не станува збор за автентична фотографија.
Фотографијата содржи повеќе визуелни индикации кои укажуваат на тоа дека таа е дигитално изменета: лицето на Зеленски има неприродно мазни контури и не се вклопува целосно со осветлувањето на остатокот од фотографијата; пропорциите меѓу лицата и телата не се целосно усогласени; рацете, прстите и прстените имаат неправилности, што е чест показател кај ВИ-генерирани или силно манипулирани фотографии.
Самата фотографија не е проследена со никакви проверливи информации – нема датум, место, фотограф, ниту оригинален извор.
И алатката за проверка на дигитално изменети содржини Хајв (Hive) потврдува дека фотографијата не е реална.

Дополнителен доказ дека фотографијата е манипулирана е фактот што постои оригиналната фотографија од која е направена измената со помош на ВИ. На оригиналот, објавена од британскиот весник Гардијан за време на судскиот процес против Гислејн Максвел во 2021 година, се гледаат Џефри Епстајн и Гислејн Максвел, а не Володимир Зеленски. Фотографијата е дел од серија автентични снимки што американското обвинителство ги објави како доказен материјал на судењето на Максвел.
Во верзијата споделена во објавата што ја анализираме, лицето на Гислејн Максвел е заменето со ликот на Володимир Зеленски, а додадена е и мала фотографија од Зеленски во горниот десен агол за да се создаде впечаток дека станува збор за автентична снимка. Споредбата меѓу оригиналната и изменетата фотографија јасно покажува дека се работи за истата позадина, истата положба на телата, облеката и осветлувањето, при што единствената суштинска промена е замената на лицето на Максвел со ликот на Зеленски.
Неколку независни организации за проверка на факти претходно анализираа фотографии од истиот наратив и заклучија дека се работи за ВИ-генерирани или фотомонтирани слики.
Вистиномер во неколку наврати дебанкираше тврдења дека претседателот на Украина Зеленски бил многу близок и редовно се среќавал со сексуалниот престапник кој почина во притвор.
Euronews наведува дека серијата фотографии кои кружат како наводни снимки од Зеленски и Епстајн се генерирани со вештачка интелигенција и содржат карактеристики типични за ВИ-содржина. Дополнително, дел од фотографиите носеле и дигитални ознаки (SynthID) што укажуваат на ВИ-генерирање.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар