Фотографијата на момче со торта во рацете е креирана со вештачка интелигенција

Вистиномер ја постави фотографијата која е споделена во склоп на објавата каде има момче со торта во рацете, во сервисот за проверка дали некоја фотографија е генерирана со помош на вештачка интелигенција „Сајтенџин“. Резултатот што го добивме е дека фотографијата е генерирана со вештачка интелигенција со веројатност од високи 99 проценти.

Фотографијата која е споделена во склоп на објавата не е реална. Вистиномер ја постави фотографијата во сервисот за проверка дали некоја фотографија е генерирана со помош на вештачка интелигенција „Сајтенџин“. Резултатот што го добивме е дека фотографијата е генерирана со вештачка интелигенција со веројатност од високи 99 проценти

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија и пишува:

Денес ова преслатко момче слави роденден. Да му посакаме желба!!!

Вистиномер ја постави фотографијата која е споделена во склоп на објавата каде има момче со торта во рацете, во сервисот за проверка дали некоја фотографија е генерирана со помош на вештачка интелигенција „Сајтенџин“ (sightengine). Резултатот што го добивме е дека фотографијата е генерирана со вештачка интелигенција со веројатност од високи 99 проценти.

Алатката за детекција на содржина креирана со вештачка интелигенција „Хајв модерејшн“ (Hive moderation), исто така ја детектира оваа фотографија како создадена со помош на вештачка интелигенција со веројатност од 97,1 процент.

Оваа фотографија не е реална, ниту пак, е реално дека на момчето на сликата денеска му е роденден. Истата фотографија е споделена на Фејсбук страница на англиски јазик во 2025 година.

Користењето на фотографии генерирани со вештачка интелигенција е со цел да се изнуди емотивна реакција од корисниците на социјалните мрежи, поточно тие да остават коментар, да го зголемат досегот на објавата, иако во реалноста се работи за невистинита содржина.

Ваквите објави не се случајни. Тие се креирани да предизвикаат инстантна емотивна реакција – сочувство, радост или чувство на должност да се остави лајк или коментар. Алгоритмите на социјалните мрежи го наградуваат токму тоа однесување: повеќе реакции значат поголема видливост, а поголемата видливост носи уште повеќе интеракции.

Дополнително, кога се користат деца во овие објави, автоматски се намалува критичката дистанца на публиката.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција