Фотографијата од баба и внука е креирана со вештачка интелигенција

Ја побаравме фотoграфијата на Гугл, но не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува само во Фејсбук групи, во некои и пред една година и тоа на бугарски јазик со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи

Ја побаравме фотoграфијата на Гугл, но не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува само во Фејсбук групи, во некои и пред една година и тоа на бугарски јазик со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Родителите на работа, баба и дедо со внучето ! Среќен роденден !

Објавата споделува и фотографија на која се гледа повозрасна жена со мало девојче, за кои се тврди дека се баба и внука, а кои во рацете држат торта. На фотографијата на српски е напишано:

Денес ми е роденден. Ме одгледа баба ми која го направи овој колач за мое здравје. Јас честам, драги луѓе. Останете здрави

Објавата во моментот на нашата анализа има од 376 допаѓања, 229 коментари и 1 споделување.

Ја побаравме фотoграфијата на Гугл, но не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува само во Фејсбук групи, во некои и пред една година и тоа на бугарски јазик со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи.

Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција.

Тоа го потврдуваат алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенцијa.

Така на пример Sightengine, покажува дека фотографијата е 99 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

Според алатката Hive, фотографијата е 99,9 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

 

На социјалните мрежи сè почеста станува практиката да се злоупотребуваат фотографии креирани со помош на вештачка интелигенција за да се подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај, со цел да се предизвика емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината којашто не е реална. Описот на овие фотографии кои се споделуваат во објавите е таков што предизвикува сочувство или бес, а луѓето коментираат за да честитаат, да се расправаат, некои за да кажат дека се работи за невистинита објава, a сето тоа го зголемува досегот.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција