Фотографијата од дечко и девојка инвалиди е креирана со помош на вештачка интелигенција

Во последно време на социјалните мрежи многу често се злоупотребуваат фотографии креирани со вештачка интелигенција за да се подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај и видливост на групата, со цел да се изнуди емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална.

Во последно време на социјалните мрежи многу често се злоупотребуваат фотографии креирани со вештачка интелигенција за да се подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај и видливост на групата, со цел да се изнуди емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Денес ми е роденден и никој не ме посака бидејќи сум хедикепиран.

Објавата споделува и фотографија на која се гледаат дечко и девојка облечени во зимска облека. Девојката на фотографијата е со две протези на долните екстремитети, а дечкото е со штака и без една нога.

Објавата има достигнато голема виралност, односно има над 5.200 допаѓања, 1.100 коментари и 25 споделувања.

Коментарите во најголем дел се честитки за „роденденот“ со позитивни желби. Меѓутоа, фотографијата е креирана со вештачка интелигенција, покажа проверката на „Вистиномер“.

Повеќе алатки кои што служат за проверка на автентичноста на фотографиите и начинот на кој тие се создадени, во смисла дали тоа е со класичен фотоапарат и во реални услови, или пак, со употреба на алатки за вештачка интелигенција – покажуваат дека тоа е креација на вештачката интелигенција.

Кога Вистиномер ја постави фотографијата во алатка за проверка на содржини креирани со вештачка интелигенција „Sightengine“, добивме резултат дека се работи за фотографија 99 проценти креирана со вештачка интелигенција.

Според алатката „Hive“, фотографијата 99,9 проценти е креирана со вештачка интелигенција.

Кога ја пребаравме фотографијата на Гугл, најдовме дека таа се појавува на вебсајтот Пинтерест, но тука дечкото и девојката не се во зимски јакни, туку во униформи на украинската војска.

Фотографијата ја има и во рилсови на Јутјуб и Тик-ток, но со поинаква позадина.

Користењето на алатки за креирање на фотографии со вештачка интелигенција имаат за цел да измамат реакции кај граѓаните, кои мислат дека се работи за вистинска приказна, но всушност се изманипулирани со сосема непостоечка содржина.

Во последно време на социјалните мрежи многу често се злоупотребуваат фотографии креирани на ваков начин за да се подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај и видливост на групата, со цел да се креира емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција