Фотографијата од девојка со фигура „ледена птица“ е креирана со помош на вештачка интелигенција

Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција.

Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција. Тоа го потврдуваат алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција, како и Гугл

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Поминав часови создавајќи ја „Ледената птица“, а сепак никој не застана да ја погледне или да ме пофали за мојата уметност…

Објавата споделува и фотографија на која се гледа девојка со натажен лик, како во рацете држи фигура од птици изработена од мраз.

Објавата во моментот на нашата анализа има од 1.100 допаѓања, 154 коментари и 4 споделување.

Ја побаравме фотoграфијата на Гугл, но не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува само во Фејсбук групи, во некои и пред осум месеци, со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи.

Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција.

Тоа го потврдуваат алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција, како и Гугл.

Така на пример Sightengine, покажува дека фотографијата е 99 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

Според алатката Hive, фотографијата е 73 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

На социјалните мрежи сè почеста станува практиката да се злоупотребуваат фотографии креирани со помош на вештачка интелигенција за да се подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај, со цел да се креира емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција