Фотографијата од Хилари и Бил Клинтон со Епстин е генерирана со вештачка интелигенција
По сведочењето на Хилари Клинтон пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, почна да кружи фотографија од неа и нејзиниот сопруг, Бил, како се смеат со Епстин, а Хилари го држи Епстин за вратоврската. Нашата проверка покажа дека фотографијата не е реална, туку е дело на вештачка интелигенција
По сведочењето на Хилари Клинтон пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, почна да кружи фотографија од неа и нејзиниот сопруг, Бил, како се смеат со Епстин, а Хилари го држи Епстин за вратоврската. Нашата проверка покажа дека фотографијата не е реална, туку е дело на вештачка интелигенција
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Епштајн …кој Епштајн !?! Никогаш не сум го запознала , жим очиве !
Објавата споделува и фотографија од наводна држуба на брачниот пар Бил и Хилари Клинтон со сексуалниот престапник Џефри Епстин.
Хилари Клинтон сведочеше пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом како дел од истрагата за Џефри Епстин. За време на нејзиното сведочење, таа изјави дека не била свесна за злосторствата на педофилскиот финансиер, дека не се сеќава дека го запознала и дека никогаш не била на неговиот остров, неговиот дом или неговите канцеларии. По сведочењето, почна да кружи фотографија од неа и нејзиниот сопруг, Бил, на забава како се смеат со Епстин, а Хилари го држи Епстин за вратоврската.
Нашата проверка покажа дека фотографијата не е реална, туку е дело на вештачка интелигенција.
Фотографијата е потврдена со помош на SynthID, системот на Гугл дизајниран да идентификува содржина генерирана или изменета со сопствена вештачка интелигенција. Според техничката анализа, поголемиот дел или целата слика се чини дека е создаден или изменет со алатките за вештачка интелигенција на Гугл.
Фотографијата што ја посочивте се чини дека е генерирана од вештачка интелигенција и не е вистинска фотографија. Анализата со користење на технологијата SynthID, која детектира дигитални водени жигови во содржина генерирана од вештачка интелигенција, покажува дека целата или дел од оваа слика е креирана или изменета со помош на алатките за вештачка интелигенција на Гугл. Понатаму, визуелната инспекција открива неколку вообичаени знаци на генерирање на вештачка интелигенција:
Анатомски недоследности: Раката и прстите на Хилари Клинтон изгледаат искривени таму каде што ја држи вратоврската.
Осветлување и текстури: Текстурите на кожата и осветлувањето на лицата се премногу мазни или неконзистентни со позадината, што е типично за моделите на вештачка интелигенција кои се обидуваат да спојат различни субјекти во една сцена.
Контекст: Нема запис за таква фотографија што постои во реномирани архиви на вести или историски бази на податоци.
Со оглед на овие технички и визуелни маркери, сликата е измислица и не прикажува вистински настан, стои во анализата на Гугл со помош на системот SynthID.
Дека фотографијата е креирана со помош на вештачка интелигенција, потврди и алатката Хајв модерејшн (Hive moderation).

Како што пишува сајтот за проверка на фактите Сноупс, обратното пребарување на фотографии откри дека фотографијата што ја анализираме почнала да циркулира на социјалните мрежи на 1 февруари 2026 година, кога профилот на социјалната мрежа Икс @PapiTrumpo првпат ја објавил верзијата од сликата со највисок квалитет. Објавата вклучува лажно тврдење дека таа потекнува од објавувањето на повеќе од 3 милиони датотеки поврзани со истрагата за Епстин од страна на Министерството за правда.
Во биографијата на сметката PapiTrumpo се вели дека страницата содржи „малку пародија“, а профилот вклучува етикета „сметка за пародија“, што значи дека фотографијата е сатира.
Дека фотографијата е дело на вештачка интелигенција, утврдиле и други независни проверувачи на факти.
Од сето погоре, можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар