Фотографијата од Маск како спие на под, е креирана со вештачка интелигенција

Фото: Принтскрин

Постојат медиумски извештаи во кои се тврди дека Маск им кажувал на пријателите дека спие во канцелариите на DOGE, но фотографијата на која тоа е прикажано во објавата што ја рецензираме не е автентична и не го прикажува тоа. Таа е креирана со вештачка интелигенција

 

Постојат медиумски извештаи во кои се тврди дека Маск им кажувал на пријателите дека спие во канцелариите на DOGE, но фотографијата на која тоа е прикажано во објавата што ја рецензираме не е автентична и не го прикажува тоа. Таа е креирана со вештачка интелигенција. Анализата спроведена преку алатката за верификација на содржина со вештачка интелигенција на веб-страницата Hive Moderation, (водечка платформа за анализа на содржината со вештачка интелигенција) пак, покажала дека фотографијата е генерирана со вештачка интелигенција и тоа со веројатност од 98,2 проценти

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува фотографија на која наводно е Илон Маск како спие во вреќа за спиење на под во канцеларија. Во склоп на објавата пишува:

Кога ке спиете вака во америчка амбасада, за да проверувате колку пари и грантови доделиле за корумпирање на судии, обвинители, функционери, тек тогаш ке ѝ тргне на државава.

На фотографијата каде што е Маск, пак, на англиски јазик пишува:

Илон Маск, најбогатиот човек во светот спие на подот на DOGE (Department of Government Efficiency – Оддел за владина ефикасност н.з), за да може побрзо да се врати на работа.

Меѓутоа, фотографијата во објавата не е автентична туку е креирана со помош на вештачка интелигенција.

Проверувачите на факти на „Факт Крешчендо“ дошле до заклучокот дека фотографијата е креирана со помош на вештачка интелигенција.

По темелна проверка, откривме дека ова тврдење дека Маск е претставен на фотографијата како спие на подот во DOGE е лажно и тоа преку софтвер за проверка на содржини создадени со вештачка интелигенција. Кога ја испитавме фотографијата, забележавме дека во нејзиниот долен десен агол стои зборот „Grok“. Ова покажува дека фотографијата потекнува од Грок , програма за создавање содржина со вештачка интелигенција развиена од xAI , пишува „Факт Крешчендо“.

Анализата спроведена преку алатката за верификација на содржина со вештачка интелигенција на веб-страницата Hive Moderation, (водечка платформа за анализа на содржината со вештачка интелигенција) пак, покажала дека фотографијата е генерирана со вештачка интелигенција и тоа со веројатност од 98,2 проценти.

До истите заклучоци дошле и проверувачи на факти од  Free Asia Media, медиум на кинески јазик, кој утврди дека сликата не е автентична. Целосната статија можете да ја прочитате овде.

Постојат медиумски извештаи во кои се тврди дека Маск им кажувал на пријателите дека спие во канцелариите на DOGE, но фотографијата на која тоа е прикажано во објавата што ја рецензираме не е автентична и не го прикажува тоа. Таа е креирана со вештачка интелигенција.

DOGE не е официјален владин оддел, кој би требало да се формира со акт на Конгресот, туку е настанат преку една од извршните наредби на претседателот на САД, Доналд Трамп и работи како советодавно тело. Дел од мисијата на DOGE, се вели во наредбата, се однесува на ИТ надградби насочени кон зголемување на ефикасноста.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како altered content. Во неа не е презентиран Илон Маск како спие на подот на Одделот за владина ефикасност туку станува збор за содржина креирана со помош на вештачка интелигенција.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција