Фотографијата од момче кое ја насликало својата покојна мајка е креирана со вештачка интелигенција
Фотографијата ја најдовме и на социјалната мрежа Редит, каде е преземена од објава на македонски јазик на Фејсбук од март 2025 година, а во коментарите под неа сите се согласуваат дека таа е креирана со вештачка интелигенција
Фотографијата ја најдовме и на социјалната мрежа Редит, каде е преземена од објава на македонски јазик на Фејсбук од март 2025 година, а во коментарите под неа сите се согласуваат дека таа е креирана со вештачка интелигенција
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која споделува фотографија од младо момче како црта лик на женска личност и вели:
Реалноста на денешното време и живеење !
На фотографијата има напис на српски јазик во кој се посочува:
Ова момче ја нацртало неговата покојна мајка, но никој не го поддржа
Објавата во моментот на нашата анализа има 649 допаѓања, 142 коментари и 9 споделувања.
Ја побаравме фотoграфијата на Гугл, но не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува во поново време, само во Фејсбук групи со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи.

Фотографијата ја најдовме и на социјалната мрежа Редит, каде е преземена од објава на македонски јазик на Фејсбук од март 2025 година. Во коментарите под неа сите се согласуваат дека фотографијата е креирана со вештачка интелигенција.
И нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција, а на тоа укажуваат и неколку визуелни показатели: текстурата на лицето и кожата на момчето изгледа невообичаено мазна и малку „восочна“, осветлувањето и сенките во просторијата се благо неусогласени со реалната физика на светлина, деталите на раката и четката делуваат малку нејасно, што е честа грешка на слики генерирани со вештачка интелигенција.
Според алатката за проверка на содржини генерирани со ВИ Hive, фотографијата е 91 процент генерирана со помош на вештачка интелигенција.

На социјалните мрежи сè почеста станува практиката да се злоупотребуваат фотографии креирани со помош на вештачка интелигенција за да се подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај на групата, со цел да се креира емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар