Фотографијата од момче кое направило мечка од карфиол е креирана со вештачка интелигенција
Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција. Тоа го потврдуваат алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција.
Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција. Тоа го потврдуваат алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која споделува фотографија наводно од дете кое направило фигура мече од карфиол. На фотографијата детето има тажен лик, а објавата вели:
Мечкава ја направив од карфиол, а никој не ја сака!
Објавата во моментот на нашата анализа има 1 800 допаѓања, 304 коментари и 8 споделувања.
Во коментарите под објавата, поголемиот дел од нив му велат „браво“ на момчето, а има и такви кои даваат забелешки за неговото „тажно лице“.

Ја побаравме фотoграфијата на Гугл, но не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува само во Фејсбук групи со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи.

Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција.
Тоа го потврдуваат алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција.
Така на пример Sightengine, покажува дека фотографијата е 93 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

Според алатката Hive, фотографијата е 84,1 процент генерирана со помош на вештачка интелигенција.

На социјалните мрежи сè почеста станува практиката да се злоупотребуваат фотографии креирани со помош на вештачка интелигенција за да се подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај и видливост на групата, со цел да се креира емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар