Фотографијата од момче во болнички кревет е креирана со вештачка интелигенција

Сервисот Sightengine  покажува дека станува збор за фотографија за која веројатноста да е создадена со помош на вештачка интелигенција е 99 проценти.

Сервисот Sightengine  покажува дека станува збор за фотографија за која веројатноста да е создадена со помош на вештачка интелигенција е 99 проценти. Доколку ја побарате фотографијата на Гугл, ќе видите дека таа се појавува само на страници со забавна содржина. Така, на пример, фотографијата ја има на Фејсбук страница на германски јазик и е објавена во ноември 2025 година

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која споделува фотографија од момче во болнички кревет и вели:

Мама рече дека ако ми дадеш мало црвено срце, ќе оздравам многу брзо.

Објавата е многу вирална, а нашата проверка покажа дека станува збор за фотографија креирана со помош на вештачка интелигенција.

Имено, доколку ја побарате фотографијата на Гугл, ќе видите дека таа се појавува само на страници со забавна содржина. Така, на пример, фотографијата ја има на Фејсбук-страница на гермaнски јазик и е објавена во ноември 2025 година.

Сервисот ZeroGPT покажува дека станува збор за фотографија за која веројатноста да е создадена со помош на вештачка интелигенција е 97 проценти.

Сервисот Sightengine тврди дека се работи за содржина креирана со вештачка интелигенција со уште повисока веројатност од 99 проценти.

Истото го потврдува и сервисот Hive за детекција на содржини креирани со помош на вештачка интелигенција.

AI engagement farming (генерирање ангажман со помош на вештачка интелигенција) е практика кога се објавуваат емотивни фотографии создадени со вештачка интелигенција – најчесто бебиња, деца, постари луѓе или лица со попреченост, проследени со пораки како „Денес му е роденден, никој не му честиташе“ или „Посакајте му среќен роденден“, или „Ставете му срце за побрзо да оздрави“. Целта на ваквите објави не е да информираат, туку да предизвикаат што повеќе реакции, коментари и споделувања, со што алгоритмите на социјалните мрежи им даваат поголема видливост.

Фотографиите често се целосно генерирани со вештачка интелигенција, а текстот е измислен за да ги поттикне емоциите кај корисниците. Ваквата практика претставува форма на манипулативна содржина, бидејќи ја злоупотребува емпатијата на публиката со цел собирање интеракции, зголемување на досегот на страниците, а неретко и нивна последователна монетизација преку реклами, продажба или промоција на друга содржина.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција