Фотографијата од наводниот француски книжар кој мирно чита среде немири е генерирана со ВИ
Фотографијата споделена во објавата што ја рецензираме не е вистинска туку е создадена со помош на алатки за вештачка интелигенција. За време на неодамнешните протести и немири во Париз, неколку вистински книжарници и повеќе мали бизниси беа оштетени или ограбени, а сопствениците на продавници се соочија со реално уништување, за разлика од приказот на мирни и недопрени објекти.
Фотографијата споделена во објавата што ја рецензираме не е вистинска туку е создадена со помош на алатки за вештачка интелигенција. За време на неодамнешните протести и немири во Париз, неколку вистински книжарници и повеќе мали бизниси беа оштетени или ограбени, а сопствениците на продавници се соочија со реално уништување, за разлика од приказот на мирни и недопрени објекти
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија и пишува:
Додека во Франција беснеат немири, сопственик на книжарница мирно седи пред својата продавница, пие кафе и чита книга, опкружен со чад и остатоци од искршени предмети. Но, она што најмногу изненадува е дека книжарницата останала недопрена, а на излогот стои натписот: „ДОБРЕДОЈДОВТЕ – ОТВОРЕНО“. Фотографијата стана хит на социјалните мрежи, каде што корисниците се шегуваат дека очигледно ограбувачите немаат интерес за книги!
Фотографијата споделена во објавата што ја рецензираме не е вистинска туку е создадена со помош на алатки за вештачка интелигенција (ВИ). Вистиномер ја постави фотографијата во алатката SynthID Detector, која детектира специјални, невидливи водени жигови на фотографиите кои биле создадени или уредени со вештачка интелигенција. Оваа алатка за конкретната фотографија потврди дека била создадена или изменета со ОпенАИ.

Кога ја поставивме фотографијата во алатката HiveAI, добивме резултат дека фотографијата е создадена со вештачка интелигенција со веројатност од 99 проценти.

Алатката OpenAI verify, на сличен начин како и SynthID Detector пронајде невидлив жиг на фотографијата, кој потекнува од нејзиното создавање со вештачка интелигенција.

Виралната фотографија на која се гледа наводно француски сопственик на книжарница како мирно седи пред својата недопрена продавница додека блиските бизниси се ограбуваат е вирална и на други платформи и јазици, не е споделувана во ниеден традиционален медиум, а бројни од нив ги следат и известуваат за демонстрациите и нередите во Франција. Исто така, еден од елементите кои се сомнителни на фотографијата е тоа што знакот пред книжарницата за добредојде на купувачите е испишан на англиски, а не на француски јазик.
Всушност, за време на неодамнешните протести и немири во Париз, неколку вистински книжарници и повеќе мали бизниси беа оштетени или ограбени, а сопствениците на продавници се соочија со реално уништување, за разлика од приказот на мирни и недопрени објекти.
Вистиномер откри дека оваа фотографија потекнува од АИ – генерирано видео, кое може да го погледнете на следниот линк.
Профилот од кој се споделува видеото има назнака дека е профил на кој се појавува АИ генерирана личност. Профилот е исклучиво со видеоматеријали генерирани со вештачка интелигенција.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар