Фотографијата од наводно изгрејсонце е креирана со ВИ
Бидејќи не успеавме да ја најдеме фотографијата во ниту еден релевантен медиуми или веб страница, одлучивме да провериме дали е реална или е креирана со вештачка интелигенција. Фотографијата ја проверивме на алатката за проверка на содржини креирани со вештачка интелигенција – Hive. Оваа алатка оцени дека фотографијата е дело на ВИ
Бидејќи не успеавме да ја најдеме фотографијата во ниту еден релевантен медиуми или веб страница, одлучивме да провериме дали е реална или е креирана со вештачка интелигенција. Фотографијата ја проверивме на алатката за проверка на содржини креирани со вештачка интелигенција – Hive. Оваа алатка оцени дека фотографијата е дело на ВИ
Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од сонце како се издига или се спушта зад куќи и во која се вели:
Некаде забележан денешниот изгрев…
Побаравме на Гугл да видиме каде бил забележан овој изгрев, но она што го најдовме се повеќе слични фотографии од различен датум. Така на пример, оваа фотографија од 15 октомври 2024 година, е слична на онаа од фотографијата во објавата што ја анализираме. Куќите се исти, но малку изменети, автомобилите на фотографијата се различни, а сонцето исто така е слично. За оваа фотографија се вели дека прикажува зајдисонце во Калифорнија.
Истата фотографија ја има и на Инстаграм на 13 јануари 2025 година. И на неа пишува дека е зајдосионце во Калифорнија.
Слична фотографија најдовме и на Х (поранешен Твитер) од 5 февруари 2024 година. На неа пишува дека е изгрејсонце во Калифорнија. И тука куќите се истите, но малку изменети.
Слична фотографија се појавува и тука на Фејсбук на 21 октомври 2024 година, но на неа нема автомобили и не е прецизирано каде е фотографирано наводното зајдисонце.
Бидејќи не успеавме да ја најдеме идентичната фотографија од објавата во ниту еден релевантен медиуми или веб страница, одлучивме да провериме дали е реална или е креирана со вештачка интелигенција.
Фотографијата ја проверивме на алатката за проверка на содржини креирани со вештачка интелигенција – Hive.
Оваа алатка оцени дека фотографијата е дело на ВИ.

Од сето погоре, можеме да заклучиме дека објаватa е невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар