Фотографијата од жена со бебе со хендикеп е креирана со вештачка интелигенција

Фотографија креирана со вештачка интелигенција и која се појавува на две различни социјални мрежи има за цел да ги популаризира конкретните сметки на страниците што ја објавуваат преку емотивна порака.

Фотографија креирана со вештачка интелигенција и која се појавува на две различни социјални мрежи има за цел да ги популаризира конкретните сметки на страниците што ја објавуваат преку емотивна порака

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:

Среќен роденден ќерко моја. Некои бездушни луѓе нема да ти честитаат затоа што си хендикепирана. 

Со објавата е споделена и фотографија на која се гледа жена како во рацете држи бебе кое нема раце и нозе.

Објавата е доста вирална и во моментот на нашата анализа има 2.900 допаѓања, 1.400 коментари и 2 споделувања.

Ја побаравме фотoграфијата на Гугл, но не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува само во Фејсбук групи со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи.

Фотографија со истата жена и истото бебе кое е со кратка коса и друга боја на облеката, се појавува во Фејсбук објава на англиски јазик во која се вели дека му е роденден на нејзиниот син.

Среќен роденден на мојот син!

Некои луѓе можеби нема да му честитаат само затоа што е различен… но она што не го гледаат е светлината што ја носи во себе.

Тој е љубезен, храбар и полн со љубов. Секој ден ме учи на вистинското значење на храброста и радоста.

Денес ги славам – неговата насмевка, неговото срце, неговата единственост.

Ако можете, оставете љубезна желба или благослов за моето момче. Вашите зборови значат повеќе отколку што мислите.

Фотографијата со истото бебе, но овојпат различна е жената, се појавува и во објави на Тредс и на Фејсбук.

Оттука, очигледно е дека станува збор за фотографија креирана со помош на вештачка интелигенција. Тоа го потврдува и Гугл, како и алатката Хиве за проверка на содржини креирани со помош на ВИ:

Резултат од проверката преку „Hive“
Резултат добиен со проверка преку Гугл

Целта на објавата е очигледна. Се злоупотребуваат фотографии креирани со помош на вештачка интелигенција за да се привлечат кликови и за да се подобри видливоста на страницата, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај.

Објавата со оваа фотографија сака да креира емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална, што е случај и во објавата која ја анализираме.

Поради тоа објавата ја оценуваме како невистинита.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција