Фотографијата со бело платно врз камера од „Сејф сити“ во Тетово е невистинита
Од МВР за „Вистиномер“ велат дека не е регистриран ваков настан, ниту пак е утврдено какво било оштетување или попречување на камерите на терен. Оттаму напоменуваат дека станува збор за компјутерски генерирана (АИ) или манипулирана фотографија
Од МВР за „Вистиномер“ велат дека не е регистриран ваков настан, ниту пак, е утврдено какво било оштетување или попречување на камерите на терен. Оттаму напоменуваат дека извршените проверки укажале дека станува збор за компјутерски генерирана (АИ) или манипулирана фотографија која не соодветствува со реалната состојба
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук (и овде) во која се споделува фотографија и пишува:
Сејф сити во Тетово.
На фотографијата се гледа семафор со камера од системот „Безбеден град“ којашто е прекриена со бел чаршаф.
„Вистиномер“ се обрати во Министерството за внатрешни работи со прашање дали се работи за веродостојна фотографија и дали во Тетово е пријавен настан каде камерите од „Безбеден град“ биле прекриени со прекривка, а со цел да се оневозможи функционирањето на системот за следење на сообраќајни прекршоци.
Почитувани, во врска со фотографијата која се споделува на социјалните мрежи а на која се гледаат наводно камери од системот „Безбеден град“ во Тетово покриени со платно, ја известуваме јавноста дека во СВР Тетово не е регистриран ваков настан, ниту пак е утврдено какво било оштетување или попречување на камерите на терен. Извршените проверки укажуваат дека станува збор за компјутерски генерирана слика (АИ) или манипулирана фотографија која не соодветствува со реалната состојба. СВР Тетово апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви дезинформации кои имаат за цел да ја вознемират јавноста или да ја нарушат довербата во безбедносниот систем, велат од Министерството за внатрешни работи за „Вистиномер“.
И дел од медиумите наведоа дека фотографијата не е вистинска повикувајќи се на информации од СВР Тетово.
Исто така, доколку фотографијата беше вистинска, таа ќе предизвикаше големо внимание од возачите и од случајните минувачи кои ќе го овековечеа платното врз камерата од повеќе агли на улицата. Но, реалноста не е таква и ова е единствената фотографија.
Дел од граѓаните поверувале во објавата, но дел препознаваат дека се работи за невистина што е евидентно и од коментарите:

Вистиномер веќе рецензираше и други дезинформации поврзани со системот „Безбеден град“, а во коишто беше вклучена содржина создадена со помош на вештачка интелигенција. Дезинформацијата вклучуваше податок дека во „Сарај била украдена камера од Сејф сити“.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар