Фотографијата со дедото и внуката е креирана со помош на вештачка интелигенција
Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција. Тоа го потврдува Гугл, но и алатките за проверка на содржини кои се креирани со вештачка интелигенција. Sightengine, покажува дека фотографијата е 99 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција, а според алатката Hive, фотографијата е 99,9 проценти генерирана со ВИ

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која споделува фотографија наводно од дедо и внука. На фотографијата дедото држи торта во рацете со свеќи.
Слика на денот за љубовта меѓу внуката и дедото со изненадувањето!, стои во објавата.
Објавата во моментот на нашата анализа има 261 допаѓањe, 72 коментари и 2 споделувања.
Ја побаравме фотoграфијата на Гугл, но не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува само во Фејсбук групи со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи.

Нашата проверка покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција.
Тоа го потврдува Гугл, но и алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција.

Така на пример Sightengine, покажува дека фотографијата е 99 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

Според алатката Hive, фотографијата е 99,9 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

На социјалните мрежи сè почеста станува практиката да се злоупотребуваат фотографии креирани со помош на вештачка интелигенција за да се подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај и видливост на групата, со цел да се креира емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар