Фотографијата со големата мечка е резултат на „трик со фотоапаратот“
Оваа фотографија циркулира на социјалните мрежи со години, меѓутоа, пропорцијата на шепата на мечката споредена со човекот кој ја држи, не е веродостојна, пишуваат проверувачите на факти на „Сноупс“. Нема причина да се сомневаме во автентичноста на фотографијата, но експерт за диви животни за „Сноупс“ потврдил дека големината на шепата е резултат на форсирана перспектива, фотографски трик кој ги прави објектите што се поблиску до камерата да изгледаат визуелно поголеми. Вистиномер разговараше со двајца професионални фотографи кои исто така потврдија дека се работи за таа техника
Оваа фотографија циркулира на социјалните мрежи со години, меѓутоа, пропорцијата на шепата на мечката споредена со човекот кој ја држи, не е веродостојна, пишуваат проверувачите на факти на „Сноупс“. Нема причина да се сомневаме во автентичноста на фотографијата, но експерт за диви животни за „Сноупс“ потврдил дека големината на шепата е резултат на форсирана перспектива, фотографски трик кој ги прави објектите што се поблиску до камерата да изгледаат визуелно поголеми. Вистиномер разговараше со двајца професионални фотографи, кои, исто така, потврдија дека се работи за таа техника
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија и пишува:
Шепа на гризли мечка.
Како што пишуваат проверувачите на факти на Сноупс, оваа фотографија циркулира на социјалните мрежи со години. Меѓутоа, пропорцијата на шепата на мечката споредена со човекот кој ја држи, не е веродостојна, пишуваат проверувачите на факти на Сноупс.
Шепата којашто се наоѓа на фотографијата се чини дека е речиси двапати поголема од големината на главата на човекот што ја држи. Со обратно пребарување на фотографијата „Вистиномер“ ја пронајде објавена на Фејсбук профил на лице со име Рик Паилет.
Иако нема причина да се сомневаме во автентичноста на фотографијата, Сноупс разговараше со експерт за диви животни кој потврди дека големината на шепата е резултат на форсирана перспектива, фотографски трик кој ги прави објектите што се поблиску до камерата да изгледаат визуелно поголеми, пишува Сноупс.
Вистиномер разговараше со двајца професионални фотографи кои исто така потврдија дека се работи за таа техника.
Како што Сноупс извести претходно, форсирана перспектива е фотографска техника која „може да направи предмети да изгледаат поголеми или помали отколку што се навистина, зависно од нивната оддалеченост од камерата и другите предмети“. Како пример за ова може да се земе, оваа стара фотографија од експретседателот на САД Џо Бајден и поранешниот претседател на САД Џими Картер.
Рајли Вудфорд, од одделот на Аљаска за риболов којшто ги уредува фотографиите за интернет изданието на агенцијата вели дека иако верува дека фотографијата во конкретната објава е автентична, големината на шепата е резултат на „трик со камера“.
Паилет е клекнат на колена позади мечката, а фотографот користи низок агол со камерата и во „фотографијата со шепата“ ловецот ја држи шепата нанадвор со целата должина на раката, поттурнувајќи ја накај апаратот. Може да ја видите неговата рака која е испружена а лактот му е едвај свиткан. Големо е животното, ама оваа големина на фотографијата е претерана, вели тој за Сноупс.
Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар