Фотографијата со македонска пензионерка која се вратила на село да чува овци е производ на ВИ
Фотографијата која наводно прикажува пензионерка од Македонија која се вратила да живее во село и да чува овци, делува како да е изработена со помош на вештачка интелигенција. Поради тоа ја проверивме на алатката за проверка на содржини креирани со вештачка интелигенција Хиве а резултатот е дека 99,9 отсто е изработена со помош на вештачка интелигенција. Компанијата Мета јасно посочува дека нејзините правила се содржината креирана со вештачка интелигенција и објавена на нејзините платформи јасно да биде назначена, што не е случај со објавата што ја анализираме и која ги доведува во заблуда своите следбеници
Фотографијата која наводно прикажува пензионерка од Македонија која се вратила да живее во село и да чува овци, делува како да е изработена со помош на вештачка интелигенција. Поради тоа ја проверивме на алатката за проверка на содржини креирани со вештачка интелигенција Хајв а резултатот е дека 99,9 отсто е изработена со помош на вештачка интелигенција. Компанијата Мета јасно посочува дека нејзините правила се содржината креирана со вештачка интелигенција и објавена на нејзините платформи јасно да биде назначена, што не е случај со објавата што ја анализираме и која ги доведува во заблуда своите следбеници
Анализираме објава на Фејсбук која споделува наводна изјава на некоја пензионерка од Македонија.
По пензионирањето, се вратив во своето родно село. Оставив сѐ на децата во Скопје а си купив мало стадо овци и едно куче. Конечно, ја најдов својата слобода. Поздрав и секое добро, стои во објавата.
Ваква објава може да се најде и тука.
Објавата споделува фотографија на која е прикажана повозрасна жена облечена во тренерка со македонското знаме, до неа стои куче, а во позадина се гледа стадо овци.

Фотографијата делува како да е изработена со помош на вештачка интелигенција. Поради тоа ја проверивме на алатката за проверка на содржини креирани со вештачка интелигенција Хајв.
Според оваа алатка, фотографијата е 99,9 отсто изработена со помош на вештачка интелигенција.

Фотографијата ја пребаравме на Гугл, но не успеавме да ја најдеме на друго место освен во оваа Фејсбук објава која е пренесена и на Редит каде, пак, во коментари може да се најде фотографија слична на оваа, исто така изработена со ВИ.

Дел од следбениците на Фејсбук кои ја виделе објавата, а кои сфатиле дека фотографијата е дело на вештачката интелигенција, во коментарите бараат тоа јасно да биде назначено во објавата.

Други, пак, поверувале дека фотографијата е вистинска, со што се доведени во заблуда.


Компанијата Мета јасно посочува дека нејзините правила се содржината креирана со вештачка интелигенција и објавена на нејзините платформи Фејсбук, Инстаграм и Тредс, јасно да биде назначена.
Работиме со индустриски партнери на заеднички технички стандарди за идентификување на содржината креирана со вештачка интелигенција, вклучувајќи видео и аудио содржини. Во следните месеци, ќе ги означуваме сликите што корисниците ги објавуваат на Facebook, Instagram и Threads кога ќе можеме да откриеме стандардни индикатори во индустријата дека се генерирани со вештачка интелигенција. Ги означивме фотореалистичките слики создадени со помош на Мета вештачката интелигенција од нејзиното лансирање, така што луѓето знаат дека се „Креирани со вештачка интелигенција“, наведува Мета.
Од компанијата посочуваат дека постои опција, доколку платформата автоматски не ја препознае фотографијата дека е креирана со ВИ, корисникот кој ја споделува истата, да може да ја означи како таква.
Додека индустријата работи на оваа способност, ние додаваме функција за корисниците да откријат кога споделуваат видео или аудио генерирани со вештачка интелигенција за да можеме да додадеме етикета на нив. Ќе бараме од корисниците да ја користат оваа алатка за откривање и етикетирање кога објавуваат органска содржина со фотореалистичко видео или аудио со реалистичен звук што е дигитално креирано или изменето, а може да примениме казни доколку тие не го сторат тоа, се наведува во правилата на Мета.
Во објавата што ја анализираме, тоа не е сторено, односно не е јасно назначено дека фотографијата е плод на ВИ, со што се прекршени правилата на Фејсбук.
Поради сето погоре, можеме да кажеме дека објавата е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар