Фотографијата со родилка на која „никој не ѝ честитал“ не е од С. Македонија
Фотографијата споделена во објавата е искористена барем 2 месеца порано на други Фејсбук страници во странство. Затоа тврдењето во описот на фотографијата: „мојата мала ќерка се роди рано утрово“, е невистинито, ниту пак, раѓањето се случило во С. Македонија. Фотографиите од штотуку породени мајки што кружат на социјалните мрежи сè почесто се користат како кликбејт содржина, со цел да се изнудат честитки и емотивни реакции од публиката
Фотографијата споделена во објавата е искористена барем 2 месеца порано на други Фејсбук страници во странство. Затоа тврдењето во описот на фотографијата: „мојата мала ќерка се роди рано утрово“, е невистинито, ниту пак, раѓањето се случило во С. Македонија. Фотографиите од штотуку породени мајки што кружат на социјалните мрежи сè почесто се користат како кликбејт содржина, со цел да се изнудат честитки и емотивни реакции од публиката
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија и пишува:
Мојата мала ќерка се роди рано утрово и никој сè уште не ѝ честитал… Би била многу благодарна за молитва или благослов за неа.
Објавата потекнува од 2 февруари 2026 година кога е прикачена фотографијата со пропратниот текст. Меѓутоа, „Вистиномер“ ја постави фотографијата во пребарувачот за обратно пребарување фотографии на Гугл, по што дојдовме до сознанија дека фотографијата е искористена барем 2 месеца порано на други Фејсбук страници во странство. Затоа, тврдењето во описот на фотографијата: „мојата мала ќерка се роди рано утрово“, е невистинито, ниту пак, раѓањето се случило во Македонија, како што би можело неточно да си претпостават корисниците на социјалните мрежи.

Како што може да погледнете од сервисот за обратно пребарување фотографии и од опцијата на Гугл да се добијат повеќе информации за конкретната фотографија, таа е користена барем 2 месеца претходно на Фејсбук страници на различни јазици. На пример, тука е употребена на 8 јануари 2026 година. Претходно истата фотографија е употребена на 10 декември 2025 година во друга објава на Фејсбук на ерменски јазик. Во таа објава на ерменски јазик текстот е со буквално иста содржина како во објавата на македонски јазик што ја рецензираме, а која се има појавено речиси 2 месеци подоцна на македонски јазик.

Фотографиите од штотуку породени мајки што кружат на социјалните мрежи сè почесто се користат како кликбејт содржина, со цел да се изнудат честитки и емотивни реакции од публиката. Во многу случаи, мајката на фотографијата воопшто нема никаква врска со државата во која се споделува објавата, а тврдењето дека „никој не ѝ честитал“ не може да се провери. Сепак, ваквите објави се пласираат како наводен доказ за колективна нечувствителност, со што се провоцира чувство на вина кај корисниците за да реагираат на објавата, а на таков начин Фејсбук страницата да стане со поголем досег, да има повеќе реакции.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар