Фотографијата со штркови кои се подготвуваат да заминат на југ е креирана со ВИ

Ја побаравме фотографијата на Гугл, таа е креирана со вештачка интелигенција, односно не е реална. На оригиналната фотографија има јасен знак дека е генерирана со ВИ

Ја побаравме фотографијата на Гугл со цел да видиме дали навистина прикажува штркови собрани на Св. Пантелејмон кои се подготвуваат да заминат. Она што го откривме е дека фотографијата е креирана со вештачка интелигенција, односно дека не е реална. На оригиналната фотографија има јасен знак дека е генерирана со ВИ

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Штркот е симбол на среќа и радост. 💙Според некои истражувања на св. Пантелејмон штрковите се собираат и заедно заминуваат во топлите краишта. Да се надеваме дека и во пролет ќе се вратат во ист или поголем број.

Објавата споделува и фотографија на која се гледаат многу штркови собрани на поле, наводно подготвени за заминување на југ.

Ја побаравме фотографијата на Гугл со цел да видиме дали навистина прикажува штркови собрани на Св. Пантелејмон кои се подготвуваат да заминат.

Она што го откривме е дека фотографијата е креирана со вештачка интелигенција, односно дека не е реална. На оригиналната фотографија има јасен знак дека е генерирана со ВИ.

Фотографијата може да се најде и во постари Фесјбук-објави од 2025 година на англиски јазик. Овој период фотографијата исто така се споделувала како да е од Македонија.

Фотографијата ја проверивме и со помош на алатките кои детектираат содржина генерирана со вештачка интелигенција, Hive и Sightengine.

И двете алатки потврдија дека станува збор за нереална слика.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека објавата што ја анализираме е невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција