Фотографијата со сирачињата е креирана со помош на вештачка интелигенција
Фотoграфијата соод две деца, момче и девојче со натажени ликови не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува само во Фејсбук групи, во некои и пред четири години, со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи.
Фотoграфијата од две деца, момче и девојче со натажени ликови не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува само во Фејсбук групи, во некои и пред четири години, со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Ние сме сирачиња, а денес ни е роденден. Не бараме подароци, само љубезни пораки.
Објавата споделува фотографија од две деца, момче и девојче со натажени ликови.
Објавата во моментот на нашата анализа има 1.000 допаѓања, 491 коментар и 1 споделување.
Ја побаравме фотoграфијата на Гугл, но не ја најдовме објавена во ниту еден сериозен медиум. Таа се појавува само во Фејсбук групи, во некои и пред четири години, со цел да предизвика емотивни реакции од корисниците на социјалните мрежи.

Проверката на Вистиномер покажа дека не се работи за веродостојна, туку за фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција.
Тоа го потврдуваат алатките за проверка на содржини кои се креирани со помош на вештачка интелигенција.
Така на пример Sightengine, покажува дека фотографијата е 99 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

Според алатката Hive, фотографијата е 88,2 проценти генерирана со помош на вештачка интелигенција.

На социјалните мрежи сè почестo се злоупотребуваат фотографии креирани со помош на вештачка интелигенција за да се подобри видливоста на одредени групи, да се предизвика поголемо ниво на сообраќај, со цел да се креира емотивна реакција од следбениците кои честопати оставаат коментари под содржината, којашто не е реална, што е случај и во објавата што ја анализираме.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар