Фотографијата со тројца млади хирурзи е креирана со ВИ

Фото: mikemacmarketing, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Доколку ја погледнете подетално, ќе видите дека двајцата лекари кои седат се исти, односно личат еден на друг како да се близнаци. Понатаму, доколку ја зумирате фотографијата, ќе видите дека на постерите во позадина закачени на ѕидот нема испишано никакви букви туку само знаци. Шкафчињата во кујната имаат два пара рачки и хоризонтално и вертикално поставени

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Само што поминавме 8 часа операција. Успеавме да го спасиме пациентот од работ на смртта. Ако ја почитувате нашата работа, ве молиме оставете срце!

Објавата споделува фотографија од наводно тројца млади лекари облечени во зелени униформи.

На прв поглед фотографијата изгледа како да не е реална. Имено, доколку ја погледнете подетално, ќе видите дека двајцата лекари кои седат се исти, односно личат еден на друг како да се близнаци. Понатаму, доколку ја зумирате фотографијата, ќе видите дека на постерите во позадина закачени на ѕидот нема испишано никакви букви туку само знаци. Шкафчињата во кујната имаат два пара рачки и хоризонтално и вертикално поставени.

Сето ова асоцира на Вештачка интелигенција.

Фотографијата ја пребаравме на Гугл и ја најдовме на фејсбук страница на бугарски јазик објавена пред шест дена, а ја има и на Тредс со објава на англиски јазик.

За да се осигураме дека фотографијата е направена со вештачка интелигенција, ја проверивме преку алатката Хајв (hivemoderation) за детектирање содржини произведени со ВИ.

Според оваа алатка, фотрографијата речиси 100 отсто е креација на ВИ.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме, е невиситна.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција