Фотомонтажа: Кај нас нема ваква осветлена фигура на Дедо Мраз

Фотографијата во постот што го рецензираме е фотошопирана – дигитално изменета, а на социјалните мрежи се споделува уште од 2020 година во различни држави – Кипар, Романија, Унгарија…  Станува збор за монтажа на фотографија со осветлен  Дедо Мраз, направена во  италијанското приморско гратче Виесте

Фотографијата во постот што го рецензираме е фотошопирана – дигитално изменета, а на социјалните мрежи се споделува уште од 2020 година во различни држави – Кипар, Романија, Унгарија…  Станува збор за монтажа на фотографија со осветлен  Дедо Мраз, направена во  италијанското приморско гратче Виесте

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се презентира фотографија од новогодишен украс – осветлена фигура на Дедо Мраз којашто наликува на машки полов орган, а во описот на фотографијата се вели:

Е тоа е Дедо Мраз во Севрџганија.

Бројните коментари под фотографијата потврдуваат дека многумина од корисниците на Фејсбук навистина поверувале дека станува збор за фотографија што е фотографирана во С. Македонија, односно дека станува збор за новогодишно украсување во земјава.

Во еден од коментарите под фотографијата во постот, на пример, се кажува дека Македонија „забегала како држава”, па се поставуваат прашањата „уште ли ќе ни се смее светот и ќе служиме за потсмев“. Во друг коментар се вели дека фотографијата не е од Битола, бидејќи некој под објавата прашува од кој македонски град е прикажаниот Дедо Мраз.

Проверката на Вистиномер покажа дека фотографијата не е од Македонија и не е од оваа година. Медиуми од Кипар уште во декември 2020 година пишувале за оваа иста фотографија прикажана во постот што го рецензираме, којашто во тоа време (пред две години) била користена во Кипар, дека е лажна.

Откако ја пребаравме фотографијата, откривме дека не е украс на некој плоштад во Кипар, туку во малото приморско гратче Виесте во Италија. Дополнително како што можете да видите на вистинската фотографија од декорацијата, виралната фотографија е лажна и нема никаква врска со реалноста, пишувале тогаш медиумите од Кипар.

Всушност, на следниот линк може да се види дека фотографијата е дел од новогодишна украсна инсталација во гратчето Виесте во регионот Апулија во југоисточна  Италија.

Во друг напис објавен на оваа романска  веб-страница  може да се види дека истата фотографија (како од постот кој го рецензираме) била споделувана на Фејсбук  пред две години ( декември 2020 г.), со опис дека наводно прикажува божиќна декорација во приморскиот град Констанца во Романија. Како што пишува во текстот, станува збор за изменета фотографија, а подолу во написот е прикажана и оригиналната. Во еден од коментарите под објавата на Фејсбук пишува дека вистинската фотографија е направена во Италија, а истовремено е и споделена..

Истата фотошопирана фотографија од постот, предмет на оваа рецензија, се споделувала минатата година и на социјалните мрежи во Унгарија, претставена како да е направена во унгарските градови Шопрон, Ѓер, Шомбатели, за што пишувале тамошните медиуми.

Најраната верзија на оригиналниот украс ја најдовме на следниот напис (директен линк до фотографијата) од 2017 година (нефотошопирана верзија).

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека  фотографијата во постот што го рецензираме е фотошопирана – диитално изменетанета. Станува збор за фотомонтажа на фотографија со осветлен  Дедо Мраз, направена во  италијанското приморско гратче Виесте.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција