Франција ја обвини Русија за кибернапади на јавни служби, приватни компании, медиуми
Обвинувањата упатени кон единицата на ГРУ, АПТ28, за која официјалните лица велат дека е со седиште во Ростов на Дон во јужна Русија, не се први од западна сила, но ова е првпат Париз да ја обвини руската држава врз основа на сопствените разузнавачки информации. Според ANSSI, минатата година имало скок во бројот на напади врз француски министерства, локални администрации, одбранбени компании, воздухопловни фирми, тинк-тенкови и субјекти во финансискиот и економскиот сектор. Во јуни 2023 година, Франција разобличи обемна руска кампања за дезинформации наречена „Надежни најнови вести“, според името на проруска веб-страница. Целта на оваа кампања била да се подрие поддршката од Западот за Украина наменета за борба против странски дигитални вмешувања
Обвинувањата упатени кон единицата на ГРУ, АПТ28, за која официјалните лица велат дека е со седиште во Ростов на Дон во јужна Русија, не се први од западна сила, но ова е првпат Париз да ја обвини руската држава врз основа на сопствените разузнавачки информации. Според ANSSI, минатата година имало скок во бројот на напади врз француски министерства, локални администрации, одбранбени компании, воздухопловни фирми, тинк-тенкови и субјекти во финансискиот и економскиот сектор. Во јуни 2023 година, Франција разобличи обемна руска кампања за дезинформации наречена „Надежни најнови вести“, според името на проруска веб-страница. Целта на оваа кампања била да се подрие поддршката од Западот за Украина наменета за борба против странски дигитални вмешувања
Пишува: Ана Анастасовска
Француското министерство за надворешни работи ја обвини руската воена разузнавачка агенција ГРУ дека во обид да ја дестабилизира Франција, континуирано од 2021 година па навака, организира кибер напади врз десетина француски субјекти, вклучувајќи министерства, одбранбени фирми и тинк-тенкови.
Обвинувањата упатени кон единицата на ГРУ, АПТ28, за која официјалните лица велат дека е со седиште во Ростов на Дон во јужна Русија, не се први од западна сила, но ова е првпат Париз да ја обвини руската држава врз основа на сопствените разузнавачки информации.
Француското МНР во соопштението наведува дека нападите на AПT28 врз Франција датираат уште од 2015 година, кога станицата TВ5 Монд (TV5Monde) беше исклучена од сигнал во хакерски напад за кој одговорност презедоа наводните милитанти на Исламска држава.
Франција соопшти дека APT28 стои зад овој напад, а стоел и зад уште еден на претседателските избори во 2017 година, кога електронски пораки поврзани со партијата и кампањата на евентуалниот победник, Емануел Макрон, протекоа и беа измешани со дезинформации.
Франција најостро го осудува користењето на методот за оперативен напад AПT28 од страна на руската воено разузнавачка служба (ГРУ), која стои зад повеќе кибер напади против француските интереси. Од 2021 година, овој метод на напад се употребува за целно напаѓање или компромитирање на десетина француски субјекти. Овие субјекти се чинители во животот на Французите: јавни служби, приватни компании, како и спортската организација поврзана со организирањето на Олимписките и Параолимписките игри во 2024 година. Во минатото, овој оперативен метод исто така беше користен од ГРУ при саботажата на телевизискиот канал ТВ5 Монде во 2015 година, како и во обидот за дестабилизација на францускиот изборен процес во 2017 година, посочуваат од француското МНР.
AПT28 како алатка за вршење постојан притисок врз украинските инфраструктури
Оттаму додаваат дека AПT28 исто така се користи за вршење постојан притисок врз украинската инфраструктура во контекст на воената агресија што Русија ја води против Украина. Голем број европски партнери исто така беа цел на AПT28 во текот на изминатите години.
Во таа насока, ЕУ воведе санкции за лицата и субјектите одговорни за нападите извршени со користење на овој оперативен метод. Заедно со своите партнери, Франција е решена да ги искористи сите средства што ѝ стојат на располагање за да ги предвиди злонамерните однесувања на Русија во сајбер просторот, да ги обесхрабри и, доколку е потребно, да реагира на нив, велат од француското МНР.
Баро ги изнесе обвинувањата пред Советот за безбедност на ОН
Според извештајот на Националната агенција за кибербезбедност на Франција (ANSSI), APT28 се обидела да добие стратешки разузнавачки информации од субјекти низ Европа и Северна Америка.
Според ANSSI, минатата година имало скок во бројот на напади врз француски министерства, локални администрации, одбранбени компании, воздухопловни фирми, тинк-тенкови и субјекти во финансискиот и економскиот сектор.
Оттаму велат дека најновиот напад на APT28 бил во декември и дека околу 4.000 сајбер напади им се припишуваат на руски актери во 2024 година, што е зголемување од 15 отсто во однос на 2023 година.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги изнесе обвинувањата пред Советот за безбедност на ОН, барајќи од Русија, чиј претставник беше во салата, веднаш да ги запре нападите.
Баро рече дека Русија користела гранка на военото разузнавање на ГРУ позната како „нападна група АПТ28“. Позната и како Фенси Бер, гранката е поврзана со глобални напади, вклучително и на изборите во САД во 2016 година, кога беа објавени е-пораките на демократската кандидатка Хилари Клинтон.
Баро ги поврза обновените напади врз АПТ28 со поддршката на Франција за Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
Тие беа насочени кон десетина француски субјекти – јавни служби, претпријатија, спортски организации поврзани со Олимписките игри и Параолимписките игри. Најостро ги осудуваме овие сајбер напади. Тие се недостојни за постојан член на Советот за безбедност и се против рамките утврдени од Обединетите нации. Затоа, тие мора веднаш да престанат, рече тој на дебатата на Советот за безбедност за Украина.
Франција и Русија се две од петте постојани членки на советот.
Како што наведува ANSSI во извештајот, руската група ги таргетира личните е-поштенски сметки за да добие податоци и пораки или да добие пристап до други системи.
Од почетокот на 2023 година, групата AПT28, исто така, спроведува фишинг кампањи насочени кон пренасочување на корисниците на е-поштата на UKR.NET и Yahoo кон лажни страници за најавување, со намера да ги украдат нивните податоци за најавување. Со цел да го прошири своето таргетирање, оваа техника на напад, понекогаш, е адаптирана за распоредување на лажни страници за најавување на ZimbraMail или Outlook Web Access, стои во извештајот.
Франција и претходно разобличи руски кампањи за дезинформации насочени кон неа
Франција беше една од главните цели на руските сајбер напади и кампањи за дезинформација во 2024 година, најмногу поради изборите за Европскиот парламент кои се одржаа во јуни, а потоа и консеквентно, поради тековната политичка криза од вонредните парламентарни избори што се одржаа во јули. Ако на ова се додаде и Олимпијадата, разбирливо е дека Франција стана многу погодна за обиди за дестабилизација на земјата, а со тоа и расцеп во ЕУ и НАТО.
Во јуни 2023 година, Франција разобличи обемна руска кампања за дезинформации наречена „Надежни најнови вести“, според името на проруска веб-страница. Целта на оваа кампања, како што извести француската државна агенција Viginum, била да се подрие поддршката од Западот за Украина наменета за борба против странски дигитални вмешувања.
Според извештајот на агенцијата, кампањата се состоела во распространување на проруски содржини; имитирање на популарни француски медиуми како Монд, Фигаро и Ле Паризиен, како и на владини веб-страници, вклучително и на оние на Министерството за европски и надворешни работи на Франција; создавање веб-страници за франкофонски вести со поларизирачки гледишта и координирање на лажни профили за распространување на креираните содржини.
Во февруари 2024 г, францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне кажа дека дипломатските служби откриле огромна руска пропагандна мрежа позната како „Портал Комбат“, која шири проруски и антиукраински информации во Франција, Германија и Полска.
Мрежата од 193 веб-страници јасно претставува кампања за манипулирање со информации на дигитални платформи, во која се вклучени странски актери. Оваа кампања има за цел да ѝ наштети на Франција и нејзините интереси, беше наведено во тогашното соопштение за печатот на Министерството за надворешни работи, пренесе Еурактив.
Во соопштението на Министерството се презентира анализа потпишана од француската влада со наслов „Руски дезинформации: колку подобро ги разбереме, подобро ќе одговориме“.
Во мај 2024 година, Германија ја обвини AПT28 за спроведување сајбер напади врз нејзините одбранбени и воздухопловни компании и владејачката партија, како и цели во други земји.
Во тоа време, руската амбасада во Берлин ги нарече обвинувањата „уште еден непријателски чекор насочен кон поттикнување антируски чувства во Германија“.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар