Франција не забрани никотински лепенки, туку никотински ќесички
Главната заблуда на ова тврдење е во неточната претпоставка дека спајк-протеинот (spike protein) внесен или создаден преку мРНК вакцините против ковид-19 останува трајно во организмот и предизвикува штета. Научните истражувања јасно покажуваат дека спајк-протеинот произведен по вакцинацијата е со краток век.
Главната заблуда на ова тврдење е во неточната претпоставка дека спајк-протеинот (spike protein) внесен или создаден преку мРНК вакцините против ковид-19 останува трајно во организмот и предизвикува штета. Научните истражувања јасно покажуваат дека спајк-протеинот произведен по вакцинацијата е со краток век
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Франција ги забранила никотинските лепенки а тие се главни за исфрлање на спајк протеинот од вакцините за ковид.
Никотинските ќесички повеќе не можат да се користат во Франција од 1 април 2026 година, а не како што се наведува во објавата „никотинските лепенки“. Оваа забрана не се однесува на медицински помагала што се користат како замена за никотин за откажување од пушење, какви што се никотинските лепенки. Никотинските ќесички се мали ќесички што содржат никотин и се достапни во различни вкусови (нане, црвено овошје, кола итн.), се вметнуваат помеѓу непцето и усната за да го дифузираат никотинот преку оралната слузница. Тие не содржат тутун и се забранети во Франција.
ANSES (Национална агенција на Франција за безбедност и здравје) во ноември 2023 година објави дека рекламирањето на никотински ќесички на социјалните мрежи е насочено кон младите потрошувачи. ANSES наведува дека редовната консумација на никотин содржан во овие производи претставува развој на среднорочна и долгорочна зависност. Агенцијата, исто така, наведува дека употребата на никотински ќесички предизвикала акутни никотински синдроми кои понекогаш биле тешки (продолжено повраќање со ризик од дехидратација, напади итн).
Меѓутоа, забраната не се однесува на тутун за џвакање, на медицински производи и средства кои се користат во контекст на прекинување со пушење (гуми за џвакање, инхалатори итн).
Властите наведоа зголемен број случаи на труење со никотин кај младите, агресивен маркетинг на социјалните медиуми и неконзистентни нивоа на никотин во производите што влегуваат на пазарот. Одобрените медицински производи за престанување со пушење – вклучувајќи никотински фластери кои се споменуваат во објавата што ја рецензираме, гуми за џвакање и инхалатори – остануваат целосно легални и се широко достапни во Франција.
Исто така, не е точно наведеното во објавата дека „никотинските лепенки биле главни за исфрлање на спајк протеинот од вакцините за ковид“.
Главната заблуда на ова тврдење е во неточната претпоставка дека спајк-протеинот (spike protein) внесен или создаден преку мРНК вакцините против ковид-19 останува трајно во организмот и предизвикува штета. Научните истражувања јасно покажуваат дека спајк-протеинот произведен по вакцинацијата е со краток век. Тој се задржува во телото најмногу неколку дена до неколку недели, по што имунолошкиот систем природно го разградува и го елиминира. Бидејќи протеинот не се акумулира трајно, не постои медицинска потреба од никаков „детокс“ или негово дополнително исфрлање.
Доктор Роберт Гројсман, водечки експерт во дијагностицирање и лекување на долготраен ковид-19 во видео на Јутјуб објаснува дека никотинските лепенки испуштаат никотин во телото преку кожата.
Тоа е поткожна апсорпција, поточно трансдермална апсорпција. Никотинот нема интеракција со спајк протеинот воопшто. Не оди во истите рецептори како спајк протеинот, така што нема начин за него да има интеракција со спајк протеинот или да го отстрани од телото, вели тој во видео-изјава.
Никотинските лепенки се конструирани исклучиво како терапија за замена на никотин со цел да им помогнат на луѓето да ги откажат цигарите. Никотинот дејствува така што се врзува за никотинските ацетилхолински рецептори во мозокот и нервниот систем. Промовирањето на никотински лепенки кај луѓе кои не се пушачи со цел некаков „детокс“ е всушност опасно за здравјето. Никотинот е супстанција која предизвикува силна зависност. Кај лица кои не консумираат тутун, користењето на вакви лепенки може да предизвика несакани ефекти како што се забрзана работа на срцето (тахикардија) и зголемен крвен притисок, гадење, повраќање и вртоглавица и нарушување на сонот и силни главоболки.
Никотинот нема интеракција со спајк протеините. Никотинот не се врзува за ACE 2 рецепторите. Никотинот може слабо да се врзе за алфа-7-Ach никотинските рецептори, но на различно место од спајк протеинот, па затоа не е во можност да го отстрани спајк протеинот од рецепторот. Никотинот не е во можност да го отстрани или исфрли спајк протеинот од телото, пишува на сајтот на Ковид институтот.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар