Ѓорѓи Коџобашиев: Покачување за 61% на просечната нето плата

Наместо да критикувате ред е да кажете дека откако е оваа влада на власт имаше покачување на платите. Просечната нето плата во Македонија е зголемена за 61 процент, нето платата во 2006 година изнесуваше 12.600 денари, а во 2010 година достигна 20.303 денари. [Датум: 14.11.2012 | Извор: Сител]

Образложение:

Според податоците од Државниот завод за статистика на Република Македонија, просечната исплатена нето плата во Македонија во 2006 година изнесувала 13 513 денари, додека истата во 2010 година изнесувала 20 554 денари. Пресметано процентуално, постои зголемување на просечната нето плата во Македонија помеѓу 2006 и 2010 година за 52,1%. И покрај тоа што се работи за значително покачување, сепак оваа бројка е помала од 61% колку што изјавува дека е зголемувањето пратеникот  Коџобашиев. Според ова, може да се заклучи дека изјавата на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е делумно вистинита.

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Reply To fati
Cancel Reply

6 Реакции
  1. cano :

    se kaci prosekot na plata za vas vo drzavnite ustanovi…. kaj nas vo kavadarci uste ima plati od po 5 700 den…

  2. Dime :

    А потрошувачката кошничка од 2006 до 2010 е зголемена 160%

  3. Makedonec :

    Statisticki dedo mi ima 60 god.a jas 20 god prosek dvajcata imame po 40 god.
    Inaku najdobra politika e onaa sto investira vo svojot narod tuka Makedonija ja utna rabotata da go podobri ekonomskiot zivot na Makedoncite i da bideme nie Makedoncite gragjani od prv red ne nie da bideme graditeli a drugive da rushat i grabaat poleka poleka ekonomski se pojaki ke ni ja kupat drzavata so pari i naselenie
    Treba shiroko da gi otvorime ocite i da si napravime svoja Makedonska strategija da si ja zacuvame MAKEDONIJA

  4. Цвете Серафимоски :

    И вие сте ми некои аналитичари, ако сакате да направите анализа, треба да ги земете сите фактори, како на пример, хранарината и патните трошоци, во 2006 година тие не влегува во платата, се пресметуваа и исплаќаа посебно и на нив не се плаќаше придонес, денес нема патни трошоци и хранарина сето тоа е влезено во платата и на целокупниот износ се плаќа придонес. Значи единствено тука може да биде задоволна само државата/владата затоа што нејзе и се зголемија приходите бидејќи сега се пресметува и плаќа придонес на целата сума што им се исплаќа на работниците, а не само на дел како што беше претходно. Е сега ако земеме да пресметаме и колку се зголемени трошоците за живот, ќе видиме дека платата реално не само што не е покачена туку е намалена. Еве ќе ви дадам еден пример па вие само пресметајте. во 2006 платата изнесува 13000, патни трошоци 3000 ден, хранарина 2000 денари или се вкупно 18000, во 2012 платата изнесува 20000, што значи покачување од 2000 денари, Колку е тоа процентуално??? во 2006 со 1000 денари едно домачинство можече да се прехрани 3-4 дена, денес со 1000 денари не ви стига еден ручек да направите. Пресметајте па кажете дали е полувистина или целосна лага.

    1. fati :

      cvete zaboravi ushte neshto da potenciras koe jas ke go nadoknadim kako na primer di 2006 vikend se plakjase i sabota i nedela sabotata od togas ne se racuna rabota vo vikend nokjnite casovi se racunaa od 20-06 casot sega e od 22-06 casot prekuvremenata rabota st nekogas znaeme da rabotime i do 80 casa nedelno a se plakjaat samo 40 a mesecno prilicno se praat i po 80 casovi podoolga rabota mesecno e se plakjaat samo 32 i toa zavisno na koj organ rabotis to ti se vikaa ne pokacuvanje tuku 61% namaluvanje na platite plus i standardo i cenit sto samo nagore idat tesko na rabotnikot sto zavisi od plata nemame nikakvi prava samo ni llapaat nasiot trud politicarite pozzz od tetovo

    2. gizo :

      Taka e potpolno si u pravo Gosp.Cvete Serafimovski