Генерал Патон не му е татко на Доналд Трамп
Не е вистина дека Доналд Трамп е син на Патон, офицер на САД кој играл главна улога во Втората светска војна. Таткото на Доналд Трамп е Фред Трамп, успешен бизнисмен со недвижнини, според биографијата објавена на сајтот на Белата куќа. Патон починал во Германија во декември 1945 година, додека Трамп е роден во Њујорк во јуни 1946 година и не се во крвно сродство
Не е вистина дека Доналд Трамп е син на Патон, офицер на САД кој играл значајна улога во Втората светска војна. Таткото на Доналд Трамп е Фред Трамп, успешен бизнисмен со недвижнини, според биографијата објавена на сајтот на Белата куќа. Патон починал во Германија во декември 1945 година, додека Трамп е роден во Њујорк во јуни 1946 година и не се во крвно сродство
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
07.03.2025Кој е Трамп1950-2025 Обратете внимание на моментот ,завршена воена академија ..што значи дека е офицер.Многумина не знаат … но Генерал Патон од втората светска војна 1941-1945 е негов биолошки татко…кој ги поразил нацистите и рекол– ние не се боревме против вистинскиот непријател.Славна изрека на Патон за време на војната:,,Храброста… е страв една минута повеќе”.Неговиот син, Трамп..овој пат го победи вистинскиот непријател .И во ова многумина не веруваат .Но и многумина веруваат и веќе знаат.
Што се однесува на цитатот од Патон во објавата што ја рецензираме, тој е вистинит.
Според проверувачите на факти на „Ју Ес Еј Тудеј“ оваа теорија на заговор дека Доналд Трамп е поврзан крвно со генералот Патон, односно дека тој му бил татко, претставува теорија на заговор проширена од приврзаниците на Кју Анон.
Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар