Германија не планира на 19 април „да го врати животот во нормалa“

[Рецензија: Германија планира на 19 април да го врати животот во нормалa]

 

Текстот кој е предмет на рецензија шири лажна вест дека состојбите во Германија се подобруваат и дека во оваа земја власта подготвува низа мерки кои треба да ја „олабават“ борбата со пандемијата и земјата да се врати во нормала. Тоа е збунувачки со оглед на тоа како беше сфатена кризата во земјата, кој е надлежен за мерките и нивното воведување и укинување и состојбата на теренот.

Линк до оригиналниот напис: Германија планира на 19 април да го врати животот во нормалa

Датум и веме на објавување: 07.04.2020

Сатум и веме на рецензија: 10.04.2020

Рецензент: Љубомир Костовски

Во текстот кој е предмет на рецензија стои дека „Германија подготви список на мерки, вклучително и носење маски, ограничување на собирање луѓе на јавни места и брзо следење на контролата на ширење на заразата. Според властите, тоа ќе овозможи животот повторно да се врати во нормала кога ќе се укинат карантинските мерки на 19 април. Мерките се утврдени во нацрт-акцискиот план подготвен од Министерството за внатрешни работи.“ Во продолжението на веста се вели дека се готват мерки со кои ќе се следи „патеката“ на оние кои биле во контакт со заболените и ќе се отворат училиштта за нормална настава. Каква е фактичката ситуација?

Најпрвин да кажеме дека веста не е точна – и во часот кога е објавена и потоа, непосредно пред прославата на Велигден по Грегоријанскиот календар. Последната вест – од петокот наутро, гласи дека канцеларката Меркел изјавила дека нема ниту збор вонредната состојба да се промени најмалку до крајот на април, значи во нардните три недели.

Според податоците за бројот на заболените во оваа земја од 8 април, што белградска Политика го презеде од Дојче Веле, бројот на заболените изнесува 103 илјади. Според изјавата на првиот човек на иститутот Кох, „прерано е да се размислува дека ситуацијата се подобрува“.

Најпрво, во истиот текст на кој се повкуваме, се потврдува дека Германија нема прогласено вонредна состојба (!), досега строго се води сметка за епидемијата со помош на самодисциплина и со затворање на објекти и капацитети (по сопствен избор на сопствениците) да се намали ризикот од ширење на зарази.

Како и секаде во светот постојат и во Германија стручњаци кои сметаат дека треба да се остави епидемијата да се развива слободно и да создаде масовен имунитет. Но, засега и во оваа земја тие мислења немаат потвра од најодговорните.

Впрочем, германските власти уживаат широка и сѐ поголема поддршка кај граѓаните за строгите мерки (од наш аспект тие не се толку строги, нели). Имено, според последната анкета на јавното мислење на јавниот сервис АРД, Дојчландтренд, оваа борба го подигна владиниот углед. Додека на почетокот на март од работата на владата во Берлин биле незадоволни шест од десет граѓани, сега е обратно, шест од десет се задоволни. Владината коалиција составена од партиите на Унијата, ЦДУ и ЦСУ и од СПД актуелно има поддршка кај населението како ниеден друг владин кабинет од 1997 година досега. Зголемена поддршка бележи и партијата на Меркел, ЦДУ за 34 проценти.

Барем кога е оваа земја во прашање секогаш постојат мноштво извори кои треба да се проверат за да се извлече општ заклучок. Бидејќи тој може да се смета како притисок на нашите здравствени власти (па и пошироко) дека вонредните мерки кај нас се престроги, дека траат предолго или обратно – да се заклучи дека нашето здравство и организираната држава не се ефикасни во обавување на своите задачи.

 

 

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција