Ѓоковиќ не ја чита книгата на Груевски, фотографијата е фотошоп
Ѓоковиќ не ја чита книгата на Никола Груевски, туку станува збор за монтажа и манипулација на оригиналната фотографија објавена на Твитер. На оригиналната фотографија се гледа дека книгата не е авторското дело на Груевски, туку станува збор за сосема друга книга. Од оригиналната фотографијата не може точно да се каже за која книга станува збор, но дефинитивно е јасно дека не е книгата на поранешниот македонски премиер
Ѓоковиќ не ја чита книгата на Никола Груевски, туку станува збор за монтажа и манипулација на оригиналната фотографија објавена на Твитер. На оригиналната фотографија се гледа дека книгата не е авторското дело на Груевски, туку станува збор за сосема друга книга. Од оригиналната фотографијата не може точно да се каже за која книга станува збор, но дефинитивно е јасно дека не е книгата на поранешниот македонски премиер
Сагата којашто го пратеше српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го окупираше медиумскиот простор како и социјалните мрежи од почетокот на годинава, па се до неговото пристигнување односно депортирање во Србија.
Освен официјалните податоци коишто следуваа со неговиот обид да влезе во Австралија и да игра на „Австралија опен“, на социјалните мрежи се споделуваа и разни шпекулации и дезинформација.
Па така, последната манипулација поврзана со светскиот тенисер е фотографијата што се појави од него во авион на враќање во Србија.
Novak Djokovic, знае што е добра книга 😊
П.С: Nikola Gruevski, на СДС уште им е ноќна мора 😁
На фотографијата, што беше објавена на социјалната мрежа Твитер, се гледа тенисерот како седи во авион, не ја носи маската правилно односно воопшто не ја носи и чита книга. Оваа фотографија беше објавена за да се покаже дека Ѓоковиќ, којшто одбива да се вакцинира, не ги почитува ни мерките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, односно не носи заштитна маска.
Но, кај нас на социјалната мрежа Фејсбук оваа фотографија беше објавенa фотошопирана односно изменета. На неа е прикажано дека насловната корица на книгата што ја чита Ѓоковиќ е на книгата „Искуство за иднина“ чиј автор е поранешниот премиер, а сега бегалец од правдата во Унгарија, Никола Груевски. Книгата, всушност, е неговиот докторски труд на тема: „Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“ одбранет во јули 2018 година на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Ова не е точно. Ѓоковиќ не ја чита книгата на Никола Груевски туку станува збор за монтажа и манипулација на оригиналната фотографија. На оригиналната фотографија којашто беше објавена на Твитер се гледа дека книгата не е авторското дело на Груевски туку станува збор за сосема друга книга. Од оригиналната фотографијата не може точно да се каже за која книга станува збор, но дефинитивно е јасно дека не е книгата на поранешниот македонски премиер.
And no mask on the plane back home from Australia pic.twitter.com/FspzTBNVp9
— King of Malibu (@extrajohntra) January 17, 2022
Ова е јасна намерна манипулација искористена во политички цели бидејќи во објавата се спомнуваат и политички партии. Но, иако фотографијата е лажна односно изманипулирана таа, сепак доби големо внимание на Фејсбук и ја виделе и споделиле голем број на луѓе мислејќи дека е вистинска.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар