Главната улица во село Непроштено е асфалтирана
Проект: Реконструкција на локалната улица во село Непроштено (2013-2014) Буџет: 9 милион денари-Светска банка за градење и развој
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Во програмата „Заедно градиме“, кандидатот на ДУИ на локалните избори 2013 година, потоа градоначалник на Општина Теарце, Исен Асани, вети реконструкција на локалната улица во село Непроштено. Овој проект е исполнето ветување на градоначалникот на Општина Теарце, со забелешка дека тоа е направено со задоцнување од речиси две години од дадениот рок во програмата.
Според информациите пренесени во медиумите и на веб-страницата на Општина Теарце, локалната улица во Непроштено доби нов асфалт во декември 2015, иако нејзиното асфалтирање беше предвидено најдоцна до 2014 година.
На свеченоста ( 16.12.2015) беше присутен и заменик министерот Халими, кој за медиумите изјави:
Станува збор за инвестиција од страна на Министерство за транспорт и врски во соработка со локалната самоуправа во вредност од 9 милиони денари, кои што се донација од Светската банка за обнова и развој. Ние како министерство за Транспорт и врски во соработка со локалната власт, со градоначалникот на општината, вложивме труд за инвестиција во овој пат, како министерство за Транспорт и врски инвестиравме 9 милиони денари и усогласувајќи се со барањата на граѓаните, успеавме овој дел од патот да го направиме реалност. Секако дека нема да застанеме овде, ќе продолжиме да соработуваме со општина Теарце за други инвестиции, поставајќи на прво место барањата на општината и на граѓаните на ова општина.
На свеченоста по тој повод се огласи и градоначалникот Асани, тој изјави:
Ние како општина во соработка со централната власт имајќи ги во предвид барањата на граѓаните, успеавме да им помогнавме на жителите на село Непроштено. Со соработката на локалната власт со централната власт, денеска сме сведоци на еден голем настан кој беше конкретизиран и реализиран. Затоа ние им честитаме на жителите за главната улица во ова село, која конечно е реалност и е асфалтирана, тоа што го потенцираше и заменик министерот, улицата е со вредност од 9 милион денари…Воедно, во мојот шест годишен мандат е реализирано водоснабдување, централното греење во училиштето, спортска сала, улици, главната улица која денеска ја инаугурираме. Вкупната вредност на инвестициите во ова село е над 760 илјади евра.
За асфалтирање на локалната улица во село Непроштено се ажурирани детали и фотографии и во Годишниот извештај 2014-2017 ( стр. 9) на Општина Теарце. Имајќи ја предвид направената проверка, иако со задоцнување од речиси 2 години, можеме да заклучиме дека проектот за „Реконструкција на локалната улица во село Непроштено’“е исполнето ветување на градоначалникот Асани.
ИЗВОРИ:
- Годишен отчет на Општина Теарце [Пристапено на: 17.08.2016]
- Изборна програма на ДУИ за Општина Теарце локалните избори 2013- „Заедно Градиме“ [Пристапено на: 26.08.2017]
- (16.12.2015- IDIVIDI.MK) Пуштена во употреба новата улица во село Непроштено [Пристапено на: 26.08.2017]
- (16.12.2015 – MIA.MK) Инаугурирана новата улица во село Непроштено [Пристапено на: 26.08.2017]
- (16.12.2015 FAX.AL) Инаугурирани две улици во село Теарце [Пристапено на: 26.08.2017]
- (16.12.2015 FAX.AL) Глоѓи и Непроштено со нови асфалтирани улици Пристапено на: 26.08.2017]
Оцени: Дрилон Салиу
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар