Глобален проблем со пристап до Фејсбук, лажно прикажан како личен
На 3 март 2026 многу корисници ширум светот пријавиле пад на Фејсбук, особено при користење преку веб‑прелистувач (браузер). Корисниците добивале порака „Your account is currently unavailable due to a site issue“ („Вашата сметка е моментално недостапна заради проблем со сајтот“) при обид за логирање
На 3 март 2026 многу корисници ширум светот пријавиле пад на Фејсбук, особено при користење преку веб‑прелистувач. Корисниците добивале порака „Вашата сметка е моментално недостапна заради проблем со сајтот“ при обид за логирање
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
МОМЕНТАЛНО НЕМАМ ПРИСТАП НА ФЕЈСБУК ОДНОСНО НЕ ИЗВЕСТУВААТ ДЕКА СМЕТКАТА Е ОРИВРЕМЕНО НЕДОСТАПНА….ПРЕД ТОА ИМАВ КОМЕНТАР ЗА ЈАНИЧАРИТЕ ДЕКА СЕ УЧЕСНИЦИ ВО ГЕНОЦИДОТ НА НАС МАКЕДОНЦИТЕ…И СМЕТКАТА Е БЛОКИТАНА..ПАРДОН НЕДОСТАПНА….ЈЈАНИЧАРИВЕ СТАНАЛЕ ОСЕТЛИВИ НА ВИСТИНАТА КАКО ДА СЕ АМЕРИ….
Во објавата се тврди дека на некои корисници им било оневозможено да пристапат до социјалната мрежа Фејсбук, односно дека биле блокирани, поради коментари поврзани со Американците, поточно поради коментар дека „јаничарите се учесници во геноцидот на нас Македонците“.
Интересно е како авторот на оваа објава пласира содржина на Фејсбук во моментот кога е блокиран и нема пристап.
Објавата е манипулативна и нема никаква допирна точка со реалноста. Имено, не е точно дека корисници на Фејсбук биле блокирани, бидејќи постирале објави за Американците.
Имено, на 3 март 2026 многу корисници ширум светот пријавиле пад на Фејсбук, особено при користење преку веб‑прелистувач (браузер). Корисниците добивале порака „Your account is currently unavailable due to a site issue“ („Вашата сметка е моментално недостапна заради проблем со сајтот“) при обид за логирање.
Ова се забележало и на сервисот Downdetector, каде бројот на пријави бил значително зголемен. Во многу области проблемот бил привремен и постепено се стабилизирал откако траел неколку часа.
Компанијата Мета не објави директно официјално соопштение на своите официјални канали за јавни сервисни проблеми што ја објаснува причината за падот или времето на прекин.
Значи, проблемот беше реален и забележан глобално, но нема официјално детално објаснување од Метa за причините или точниот опсег на прекин. Прекинот на пристапот до Фејсбук нема никаква врска со „јаничарите“ или „америте“, односно со коментари поврзани со нив.
Фејсбук (во сопственост на Meta Platforms) може да блокира или оневозможи корисничка сметка ако смета дека се прекршени правилата на платформата.
Според правилата на Meta и нивните Community Standards, сметка може да биде блокирана поради:
- Прекршување на правилата за содржина
- говор на омраза
- закани или вознемирување
- насилна или експлицитна содржина
- дезинформации или штетна содржина
- Лажен идентитет или имитирање на друга личност
- користење лажно име
- претставување како друга личност или организација
- Спам или сомнителна активност
- испраќање многу friend requests
- масовни пораки
- постојано објавување исти линкови
- Користење повеќе лични профили
- Фејсбук дозволува само еден личен профил по лице
- Користење ботови или автоматски алатки
- автоматско лајкување, коментирање или испраќање пораки
- Сомнителна безбедносна активност
- логирање од многу различни локации
- сомнеж дека профилот е хакиран
- Повеќекратни пријави од други корисници
- ако многу луѓе пријавуваат содржина или профил, системот може да го ограничи или блокира профилот
Од сето ова можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар