Големиот ресет нема да доведе до смртна казна и судења за неговите промотори
Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Големиот ресет (The great reset) претставува иницијатива на Светскиот економски форум поради потребата глобалните стејкхолдери да соработуваат и симултано да ги менаџираат директните последици од кризата предизвикана од ковид-19. Од видеоматеријалите на страницата на СЕФ, може да се види дека големиот ресет се фокусира на низа теми, меѓу кои образованието, превенција на пандемијата, нееднаквостите предизвикани од ковид-19 итн. Но, овие вистински цели на големиот ресет, беа киднапирани од страна на конспирациски наративи. Во постот, всушност, се мешаат две теории на заговор, онаа на Кју Анон Кју чии поддржувачи го обожуваат Трамп, со онаа на големиот ресет
Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Големиот ресет (The great reset) претставува иницијатива на Светскиот економски форум поради потребата глобалните стејкхолдери да соработуваат и симултано да ги менаџираат директните последици од кризата предизвикана од ковид-19. Од видеоматеријалите на страницата на СЕФ, може да се види дека големиот ресет се фокусира на низа теми, меѓу кои образованието, превенција на пандемијата, нееднаквостите предизвикани од ковид-19, итн. Но, овие вистински цели на големиот ресет, беа киднапирани од страна на конспирациски наративи. Во постот, всушност, се мешаат две теории на заговор, онаа на Кју Анон Кју, чии поддржувачи го обожуваат Трамп, со онаа на големиот ресет
.
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој е споделено видео со монтирани повеќе кадри и изјави од Клаус Шваб, лидерот на Светскиот економски форум, на кои не може веднаш да им биде утврден контекстот со оглед на тоа што претставуваат залепени изјави една врз друга и дополнително се монтирани. Во дел од изјавите Клаус Шваб вели дека Џастин Трудо е дел од Светскиот економски форум. Во следниот кадар Шваб вели дека промената не се случува сама од себе туку може да биде креирана од нас. Веќе во следниот кадар Шваб вели дека има потреба од голем ресет.
Големиот ресет претставува основа за голем број на теории на заговор коишто беа предмет на дезинформации пласирани на социјалните мрежи во текот на целата пандемија, во текот на вакциналната кампања, но и подоцна.
Што е всушност големиот ресет?
Големиот ресет (The great reset) претставува иницијатива на Светскиот економски форум поради потребата глобалните стејкхолдери да соработуваат и симултано да ги менаџираат директните последици од кризата предизвикана од ковид-19. Иницијативата е почната од СЕФ за да се подобри состојбата на светот.
Како што наведуваат на страницата на СЕФ, кризата која ја предизвика ковид-19, како и политичките, економски и социјални прекини предизвикани од истата, фундаментално го менува традиционалниот контекст на носење одлуки.
Неконзистентноста, неадекватноста и контрадикторноста на повеќе системи, од здравствениот, финансискиот, енергетскиот и образовниот, се поизложени во глобалниот контекст кој ги засега нашите животи, живеачката и планетата. Лидерите се наоѓаат на историски крстосници да ги менаџираат краткорочните притисоци и да се соочуваат со долгорочните неизвесности. Иницијативата за големиот ресет, нуди информирање за носителите на одлуки кои ќе ја детерминираат иднината на глобалните релации, насоката на националните економии, приоритетите на општествата, природата на бизнис моделите и менаџментот на глобалните добра.
Црпејќи од визијата и огромната експертиза на лидерите вклучени во СЕФ, иницијативата големиот ресет има поставено димензија да ги изгради новите социјални договори кои го величаат дигнитетот на секое човечко битие, стои на страницата на СЕФ.
Од видеоматеријалите на страницата на СЕФ, може да се види дека големиот ресет се фокусира на низа теми, меѓу кои образованието, превенција на пандемијата, нееднаквостите предизвикани од ковид-19 итн.
Но, овие вистински цели на големиот ресет, беа киднапирани од страна на конспирациски наративи, според кои глобалните елити го користат коронавирусот за да го расчеречат капитализмот и да воведат радикални социјални промени.
Би Би Си наведува дека опсегот на теми во големиот ресет е огромен, покрива технологија, климатски промени, иднината на работната сила, интернационалната сигурност и други теми и тешко е да се види што точно сите овие теми значат во пракса. Токму тој недостиг на јасност, комбиниран со фактот што влијателна организација како СЕФ ја започна иницијативата, претставуваше плодна почва за теориите на заговор да земат замав.
Теории на заговор и инсинуации
Во постот што го рецензираме се инсинуира дека доаѓаат некакви глобални судења, а Трамп најавил смртна казна. Се повикува на трпение. Овие тези се нафрлени како опис на видеото, од што се добива и контекстот на македонскиот дел од теоријата на заговор, промовиран од страна на поддржувачите на Кју Аанон, а тоа е дека луѓе од СЕФ ќе бидат судени, а дека некои луѓе ќе бидат и смртно осудени и дека тоа го ветувал Трамп, што не е вистина. Во постот, всушност, се мешаат две теории на заговор, онаа на Кју Анон со онаа на големиот ресет.
02.02.2023. Tоа што се случи мораше да биде така. Ова што гледате е за вашата иднина. Судењата доаѓаат. Трамп најави смртна казна. Трпение, пишува во објавата.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар