Горан Трајковски

Горан Трајковски e градоначалник на Oпштина Делчево

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Горан Трајковски е роден во Делчево на 20.07.1971 година.  Оженет е и татко на две девојчиња. Хоби му е велосипедизмот и риболовот.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно образование завршил во Делчево, а средно образование во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје.  Завршил математика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Активно се служи со англискиот јазик.

 

КАРИЕРА

Во 2003 година се вработил во ООУ „Св.Климент Охридски“ како наставник по математика, а во периодот 2007-2009 бил заменик директор на училиштето.

Исто така, бил и член во Управен одбор на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“- Делчево.

Во периодот од 2013 до 2017 година бил член во Советот на Општина Делчево од СДСМ и коалицијата.

На градоначалничката функција во Делчево доаѓа по победата на локалните избори одржани на 15 октомври 2017 година.

 

ИЗВОРИ:

Веб-страница на Општина Делчево: Градоначалник

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција