Гордана Јанкулоска: Смена на министер е можна само со интерпелација или со избори

gordana-jankulovska1Смена на министер или министри е можна и преку барање за гласање на доверба на Владата, распуштање на Собранието и распишување на избори. [Датум: 26.08.2013 | Извор: Либертас]

Образложение:

Покрај понудените опции како начин за смена на министер во Владата на Р. Македонија, во изјавата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, постои и друга опција. Односно, според Член 219 од Деловникот за работата на Собранието на Р. Македонија, министерот може самиот да си поднесе оставка без тоа да биде дел од гласање на доверба на Влада, распуштање на Собранието или распишување на нови избори.  Исто така Премиерот на Владата на Р. Македонија може да разреши министер од својата позиција, како што до сега беше пример со дел од министрите во Владата на Р. Македонија.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција