Горењето на снегот и црните дамки не значи дека тој содржи нафта
Палењето на снег и неговото прикажување на социјални мрежи се случува речиси секоја година кога ќе заврне снег. Корисниците на социјалните мрежи со ова сакаат да докажат дека снегот не е вистински, дека во снегот има пластика, дека нè прскаат со отрови… Ова не е точно. Снегот е вистински, а реакцијата снегот кога се гори има научно објаснување
Палењето на снег и неговото прикажување на социјални мрежи се случува речиси секоја година кога ќе заврне снег. Корисниците на социјалните мрежи со ова сакаат да докажат дека снегот не е вистински, дека во снегот има пластика, дека нè прскаат со отрови… Ова не е точно. Снегот е вистински, а реакцијата снегот кога се гори има научно објаснување
Во објава на социјалната мрежа Фејсбук споделено е видео на коешто е прикажано горење на топка снег. Притоа објавата тврди дека снегот што паднал во Србија смрдел на нафта. Ова е манипулација.
Снегот што падна во Србија смрди на нафта, пишува во објавата.
На видеото што е споделено, човек којшто зборува на српски јазик, со запалка пробува да стопи топка снег. Топката снег не се топи веднаш и на неа остануваат црни дамки. Притоа, човекот кој го снима видеото коментира како снегот не се топи. Во објавата што ја рецензираме се тврди дека станува збор за снег во Србија и дека тој мирисал на нафта, иако во видеото не се слушаат никакви коментари за мирисот на снегот.
Палењето на снег и неговото прикажување на социјални мрежи се случува речиси секоја година кога ќе заврне снег. Корисниците на социјалните мрежи со ова сакаат да докажат дека снегот не е вистински, дека во снегот има пластика, дека не прскаат со отрови и слични други теории на заговор.
Ова не е точно. Снегот е вистински, а реакцијата снегот кога се гори има научно објаснување.
Зошто снегот е црн?
Црната боја всушност доаѓа од запалката, бидејќи бутанот, течноста којашто се наоѓа во запалката или цврстото гориво (ако користите кибрит) испушта саѓи што се акумулираат на површината на снегот, создавајќи темен слој. Хемикалиите од запалката, исто така, можат да испуштаат лош мирис, бидејќи, тие се хемикалии.
Ако го направите истото со проѕирно стакло, ќе се случи истото: на стаклото ќе се акумулира слој од бутан или течноста од запалката. И тоа не се случува затоа што стаклото е токсично.
Зошто снегот не се топи?
Реалноста е дека вистинскиот снег не се топи многу кога е во директен контакт со запалка или пламен од свеќа. Но, тоа не е затоа што снегот е контаминиран или лажен. Тоа се должи не неколку својства на снегот и водата.
Воздушниот простор не ѝ дава на водата да оди надолу
Снегот и снежните топки се состојат од снегулки и многу воздух. Кога го загревате снегот со свеќа или запалка, снегулките се топат во вода. Гравитацијата ја привлекува течноста, но не е доволно да капнат првите неколку капки вода. Водата ги исполнува просторите помеѓу снегулките. Капиларното дејство влече вода низ каналите помеѓу замрзнатите кристали. Високата кохезија на молекулите на водата им помага да се држат заедно.
Воздухот го изолира снегот од оган
Топлината од свеќа или полесен пламен не влијае на поголемиот дел од снежните топки. Воздухот помеѓу снегулките го изолира мразот, исто како што ги изолира луѓето во иглоа (живеалиста направени до снег во арктичките делови од планетата, во минатото користени од Ескимите и Инуитите). Топењето на коцка мраз е полесно отколку топењето на снежна топка, бидејќи нема толку многу воздух. Дури и тогаш, високиот топлински капацитет на водата го отежнува топењето на значителна количина мраз со пламен.
Во снегот нема многу вода
Според Националната лабораторија за тешки бури, околу тринаесет инчи снег е еднаков на еден инч дожд. Ако се потрудите да стопите грст снег или дури и снежна топка, ќе видите дека навистина не содржи толку многу вода. Значи, кога топите снег со оган, не добивате многу течност.
Според сите изнесени податоци, заклучуваме дека оваа објава не е вистинита. Тоа што снегот не се топи веднаш откако ќе се запали со запалка и тоа што запалката остава црни траги на снегот, не значи дека тој не е вистински или дека содржи нафта.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар