Гостивар со велосипедски патеки на кејот на Вардар

Фото: Општина Гостивар

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, за време на кампањата за локалните избори (октомври 2017 г.), во предизборната дебата на „БИРН“ Косово и „Порталб“, вети  дека ќе се инвестира во изградба на велосипедски патеки на кејот на реката Вардар во Гостивар. Ова изборно ветување на Таравари исполнето.

Ветување: Ќе се инвестира во изградба на велосипедски патеки на кејот на реката Вардар

 

  [Извор: Tв дебата во локалните избори 2017 “Jeta në Maqedoni”; Датум:октомври 2017 ]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, за време на кампањата за локалните избори (октомври 2017 г.), во предизборната дебата на „БИРН“ Косово и „Порталб“, вети  дека ќе се инвестира во изградба на велосипедски патеки на кејот на реката Вардар во Гостивар. Ова изборно ветување на Таравари исполнето.

На 19 август 2020 година, на својот Фејсбук профил градоначалникот на Гостивар, Таравари објави пост со фотографии на тековните работи за изградбата на патеки за велисопеди и пешаци, во којшто се вели:

Од сега веќе Гостивар ќе има означени патеки за пешаци и велосипеди.

На 20 септември 2020 година Таравари на својот Фејсбук профил извести за завршените велосипедски патеки, а во рамките на објавата беа прикажни и неколку фотографии  од кои може да се видат новите обележани патеки за велосипеди покрај реката Вардар во Гостивар.

Исто така, во неделниот Извештај на Општина Гостивар (07.09.2020 – 13.09.2020) објавен на 13 септември 2020 година, може да се прочита информација дека меѓу направените активности таа недела е и изградбата на над еден километар нови патеки за велосипеди (точка број 10 од Извештајот).

Во интервју за Тв Коха на 22 септември минатата година, Таравари изјави дека велосипедски патеки  покрај реката Вардар се веќе завршени и овој тренд ќе продолжи низ цел Гостивар:

Сите предлози за патеки за велосипеди, не се дадени од мене, бидејќи јас сум неоуролог, туку од експерти. Не станува збор велосипедски патеки само покрај реката Вардар, туку сега во Гостивар се гради првиот километар од велосипедската патека, а ќе продолжи и вториот, третиот, четвртиот километар.  За да имаме почист воздух, ние како Општина, без подршка од централната власт, субвенционираме купување на велосипеди, за да ги мотивираме граѓаните за превоз да не користат автомобили, туку велосипеди

На 3 јуни, оваа година по повод Светскиот ден на велосипедот, Травари на Фејсбук објави дека во Општина Гостивар се изградени над 5.000 метри патеки за велосипеди.

Имајќи го предвид  сето ова, ветувањето на граданочалникот на Гостивар, за изградба на велосипедски патеки на кејот на Вардар, го оценуваме како исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција