Говор на Бил Гејтс за намалување на емисиите на јаглероден диоксид изваден од контекст

Фото: Принтскрин видео

Видеоматеријалот споделен во постот е изваден од контекст. Тука е злоупотребен настапот на Гејтс во 2010 година во „ТЕД Разговорите“ , каде тој зборува за чекорите неопходни за да се намали емисијата на јаглероден диоксид. Тој не кажува дека треба да се намали бројот на постоечки луѓе на планетата преку вакцинација, туку говори за неодржливото ниво на раст на светската популација

Видеоматеријалот споделен во постот е изваден од контекст. Тука е злоупотребен настапот на Гејтс во 2010 година во „ТЕД Разговорите“ , каде тој зборува за чекорите неопходни за да се намали емисијата на јаглероден диоксид. Тој не кажува дека треба да се намали бројот на постоечки луѓе на планетата преку вакцинација, туку говори за неодржливото ниво на раст на светската популација

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува кратко видео,  извадок од говор на Бил Гејтс, а во описот се вели:

Бил Гејтс. Се чудам кој го ставил на тој пиедестал да ни проповеда за СЕ… 
Извадок од тоа што вели.„Еден од овие бројки треба да се приближи до нула… Да почнеме со населението, ако направиме навистина одлична работа со вакцините, здравствената заштита… можеме да ја намалиме таа бројка за 10-15%“ Бил Гејтс. 
Јасно ни е дека НИЕ сме јаглеродот од кој сакаат да се ослободат!

Во постот се пропушта контекстот. Бил Гејтс за време на говор даден за ТЕД, (непрофитна организација посветена на ширењето идеи) во 2010 година зборува за методите за редуцирање на јаглерод диоксид на нула. Еден од факторите коишто ги подигнуваат емисиите на јаглерод диоксид е неодржливото ниво на популацискиот раст.

Гејтс во говорот вели дека светот денеска има 6.8 милијарди луѓе, а се движи накај 9 милијарди. Потоа додава дека ако се направи добра работа на полето на развој на нови вакцини, здравствен систем, услуги за репродуктивно здравје, може да се намали тоа за 10 до 15 проценти.

Но, Гејтс не сугерира во говорот дека глобалната популација треба да биде убиена со користење на вакцини. Тој вели дека подобрувањето на јавното здравство и користењето на вакцините може да го намали неодржливиот развој на популацијата во иднина, а со тоа да се намалат и емисиите на јаглероден диоксид, пишува Ројтерс.

Коосновачот на Мајкрософт долго време е поддржувач на идејата да се контролира популацијата за да се таргетираат корените на сиромаштијата.

Во 2011 година за Форбс тој изјави дека кога првпат влегол во јавното здравство, тоа било за да се фокусира на контрацепцијата. Кога подоцна видел податоци дека опаѓа стапката на смртност, исто како и стапката на раѓања, Гејтс го префрлил фокусот од превенирање раѓања во спасување на веќе живите луѓе.

Гејтс зборува за чекорите неопходни за да се намали емисијата на јаглероден диоксид. Тој не сугерира дека бројот на постоечки луѓе на планетата треба да се намали со вакцинација, туку дека треба да се спречи неодржливото ниво на раст на популацијата.

До таков заклучок доаѓаат и проверувачите на факти на Њузчекер. Во говорот во кој се зборува за редуцирање на емисиите на јаглероден диоксид, Гејтс вели дека унапредувањето на јавното здравство може да направи идниот раст на светската популација да има одржливо ниво, а со тоа да се на добро ниво и емисиите на јаглерод диоксид.

Поради сите горенавдени факти оценуваме дека постот што го рецензираме е пост во кој се пропушта контекстот.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција