Граѓани реагираат на ширење дезинформација за корона-вирусот во медицинското училиште во Битола

ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ Битола, фото: Off road Macedonia/Google maps.

 

Деновиве низ Битола се шири демантирана дезинформација според која професорка од средното медицинско училиште наводно била на пат со директорката на скопската клиника, која се вратила од Италија инфицирана со новиот корона-вирус ковид-19.

Снимка од екранот на еден од постовите што ја шири дезинформацијата по групи на „Фејсбук“. Кликнете за поголема верзија.

Со ваквите дезинформации, промовирани преку локални групи на „Фејсбук“, се нарушува угледот на вработените во училиштето и се поткопува довербата во институциите на системот.

Во Општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола настава посетуваат неколку стотинци ученици и дезинформацијата има предизвикано паника кај нивните семејства, како и кај пошироката заедница.

За да ја информира јавноста, директорката на училиштетото преку официјална фејсбук-страница го објави следното соопштение – демант (снимка):

Почитувани родители и ученици. Чувствувам обврска да одговорам на лажните вести и клеветите Што се шират низ порталите. Никој од вработените во нашето училиште не беше на скијање во Италија или на ризични места. Некој сака непотребно да шири паника и да наштети на угледот на училиштето. Со почит, в.д. директор Наташа Илиева.

Снимка на екранот на објавата на Фејсбук-страницата на училиштето.

Во врска со случајот забележлива е и појавата дека совесни граѓани се спротивставуваат на ширењето на лажната вест со тоа што споделуваат предупредувања за неа.

Штрумфета@shtrumfeta_

Во Битола се шират лажни вести дека професорка од средното медицинско била заедно со директорката од Скопје во Италија.
Ретко кој го видел демантот на школото. Родителите паничат. Општ хаос. И се тоа од поривот на една личност да си сподели лажна вест.

See Штрумфета’s other Tweets

Во ситуации на кризи и општа опасност, ангажманот на граѓаните, кои се трудат да ги спречат ширењето на паника и поттикнуваат јавна дебата врз основа на проверени податоци, е исклучително важен.

Случајот на заразената директорка на Клиниката за дерматологија во Скопје, која неколку дена била на работното место, наместо да ги применува правилата на Министерството за здравство според кои лицата кои се враќаат од ризични земји, како Италија, треба да отседат дома 14 дена во карантин и да информираат ако забележат симптоми, веќе беше злоупотребуван во пропагандни цели.

Прочитајте ги проверките на факти со кои се разоткриваат и тие дезинформации, претходно објавени од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“:

Помогнете во спречувањето на дезинформациите и паниката со тоа што ќе ги споделувате проверените информации засновани врз проверка на факти од професионални новинари.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција