Граѓаните можат да видат како се трошат нивните пари

Фото: Принтскрин open.finance.gov.mk

 

Ќе се знае кој и за што ги троши парите на граѓаните. На интернет страницата на Министерството за финансии ќе стојат сите трошоци на парите на граѓаните и за кои цели. Тоа ќе може да го провери секој граѓанин, во секој момент, од својот компјутер.

[Извор: Изборна програма на СДСМ, (2016), „План за живот во Македонија“ (стр.8,  и стр. 2);]

 

ОБЕАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на СДСМ дека на интернет- страницата на Министерството за финансии граѓаните ќе имаат увид во состојбата на државната каса и трансакциите на буџетските корисници, дадено за предвремените парламентарни избори (декември 2016 г.), е исполнето.

Споменатото  ветување на социјалдемократите  е посочено  во нивната изборна програма: „План за живот во Македонија“ , каде што се споменува на две  места. Најнапред, тоа е наведено на почетокот на програмата во заглавието:„ Ќе има контрола над власта и правда за сите! “ (стр.8), а потоа се споменува и на стр. 231 во делот „Правда сигурност контрола на власта“, каде,  меѓу другото,  е  наведено дека:

Во рок од една година, Македонија ќе премине во повисоката група на земји на индекс-листата за Отворен буџет. Тоа значи дека граѓаните ќе имаат вистински  увид во тоа како и каде се трошат нивните пари

На 20 ноември (2019) на прес-конференција во Владата беше промовиран порталот „Отворени финансии“, што содржи финансиски податоци за над дванаесет и пол милиони трансакции.

Премиерот Зоран Заев на промоцијата на веб-платформата Отворени финансии   рече дека во Македонија конечно се отвори државниот трезор на Министерството за финансии и на увид на граѓаните се ставние минатите, сегашните и сите идни финансиски трансакции на буџетските корисници.

Електронскиот систем на трезорот го поврзавме со веб-платформата која ја нарековме Отворени финансии, во која може да се најдат финансиските трансакции од буџетските средства на државните институции од 2010 година па наваму, и истите ќе се обновуваат и прикажуваат на секои 15 дена. Пред очите на јавноста ставаме финансиски податоци за над 12,5 милиони трансакции. Од денеска па натаму секогаш кога некое министерство, агенција или државна уплата на пари, трансакции во рекордно време ќе биде јавно достапна на увид. Отворањето на трезорот и сите податоци во него, е една од најголемите мерки во насока на намалување на корупцијата и неправилностите во работењето на државните институции како и штедењето на парите на граѓаните, рече Заев.

Премиерот додаде дека преку оваа платформа може да се следи дали институциите префрлаат пари на едни исти економски оператори и физички лица.На тој начин ќе биде коректив на работење на институциите и барикада за корупција и незаконитост.

 

ИЗВОРИ:

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.