Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе доби нов лик
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев во изјава за медиумите, дадена на почетокот на годината, најави реконструкција на градинката „Мајски цвет“, во Тафталиџе 1:
Овој објект повеќе години е во лоша состојба, но, на пролет, ќе започнеме со реконструкција на тоалетите, а потоа ќе следи и промена на надворешната столарија и обнова на фасадата. За овие активности, Општината предвиде буџетски средства од пет милиони денари
[Извор: Веб-страница на Општина Карпош ; датум: јануари 2020]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ова ветување на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, за реконструкција на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1, кое исто така е дел од неговата изборната програма од 2017 година, „Живот во Карпош за сите!“ (стр.14) , е исполнето.
Реконструкцијата на оваа градинка е завршена и објектот изграден уште во 1965 година сега има нов лик. Во рамките на санацијата која започна во април, комплетно се реновирани тоалетите, обновени се инсталациите, поставени се нови ПВЦ прозорци и врати, направени се корекции на покривот и нова фасада. Деновиве во оваа претшколска установа е извршена дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
Општинските власти најавувајќи дека градинката ќе биде отворена на 14 септември, посочија дека целиот објект ќе биде енергетски ефикасен со значително подобра звучна и топлотната изолација.

Градоначалникот Богоев вчера ни потврди дека градинката „Мајски цевт“ во Тафталиџе 1 започнала со работа и веќе прима деца.
Информација и фотографии за текот на реконструкцијата на градинката може да се најдат на веб-страницата на Општината и во дел од медиумите.
ИЗВОРИ:
- Веб-страница на Општина Карпош (27.01.2020): Реконструкции во „Мајски цвет“ на Млечен –на ред реконструкцијата на градинката во Тафталиџе 1 [Проверено на: 17.09.2020]
- Предизборна програма на Стефан Богоев за локалните избори 2017-2020 година – „Живот во Карпош! За сите!“ (стр.14) [Проверено на: 17.09.2020]
- Веб-страница на Општина Карпош (24.04.2020): Започна реконструкцијата на „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 [Проверено на: 17.09.2020]
- Тајм.мк (24.04.2020): Се реконструира градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 [Проверено на: 17.09.2020]
- Макпрес (24.04.2020): Започна реконструкцијата на „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 [Проверено на: 17.09.2020]
- Веб-страница на Општина Карпош (27.05.2020): Во тек е етапната реконструкција на „Мајски цвет“[Проверено на: 17.09.2020]
- Веб-страница на Општина Карпош (06.07.2020): Со нови прозорци за „Мајски цвет“- пониски сметки за струја [Проверено на: 17.09.2020]
- Веб-страница на Општина Карпош (11.08.2020): Темелна реконструкција на градинката „мајски цвет“ во Тафталиџе 1 [Проверено на: 17.09.2020]
- Веб-страница на Општина Карпош (10.09.2020): Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 започнува со работа во понеделник [Проверено на: 17.09.2020]
- Дејли.мк (09.09.2020): Градинките во Карпош безбедно ги отворија вратите за дечињата [Проверено на: 17.09.2020]
- Локално (09.09.2020): Градинките во Карпош безбедно ги отворија вратите за дечињата [Проверено на: 17.09.2020]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар