Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе доби нов лик

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев  во изјава за медиумите, дадена на почетокот на годината, најави  реконструкција на градинката „Мајски цвет“, во Тафталиџе 1:

Овој објект повеќе години е во лоша состојба, но, на пролет, ќе започнеме со реконструкција на тоалетите, а потоа ќе следи и промена на надворешната столарија и обнова на фасадата. За овие активности, Општината предвиде буџетски средства од пет милиони денари

[Извор: Веб-страница на Општина Карпош ; датум: јануари 2020]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ова ветување на градоначалникот на  Општина Карпош, Стефан Богоев, за реконструкција на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1, кое исто така е дел од неговата изборната програма од 2017 година, „Живот во Карпош за сите!“  (стр.14) , е исполнето.

Реконструкцијата на оваа градинка е завршена и објектот изграден уште во 1965 година сега има нов лик. Во рамките на санацијата која започна во април, комплетно се реновирани тоалетите, обновени се инсталациите, поставени се нови ПВЦ прозорци и врати, направени се корекции на покривот и нова  фасада. Деновиве во оваа претшколска установа е извршена дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Општинските власти најавувајќи дека градинката ќе биде отворена на 14 септември, посочија дека целиот објект ќе биде енергетски ефикасен со значително подобра звучна и топлотната изолација.

Фото: karpos.gov.mk

Градоначалникот Богоев вчера ни потврди дека градинката „Мајски цевт“ во Тафталиџе 1 започнала со работа и веќе прима деца.

Информација и фотографии за текот на реконструкцијата на градинката може да се најдат на  веб-страницата на Општината и во дел  од медиумите.

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција