Градинката Пчелка 1 допрва ќе се реконструира
Реконструкција на градинката „Пчелка 1“.
Замена на дрвена столарија, реконструкција на санитарни јазли, замена на покрив, замена на под. (Средства: 5.000.000 денари, iзвор на финансирање: Општина Аеродром, рок: декември 2013 година)
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Во изборната програма на градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, „Мојот избор“, на стр.26, стои ветување дека ќе се реконструира градинката Пчелка 1 со замена на дрвена столарија, реконструкција на санитарни јазли, замена на покрив, замена на под. Ова ветување го оценуваме како неисполнето.
Низ медиумите и пребарувачите на интернет нема ниту еден запис за реконструкција на оваа градинка.
Првите информации дека се подготвува реконструкција на градинката Пчеличка 1 се појавија на 10 мај 2016 година. Па така порталот „Курир“ на 10 мај 2016 година под наслов: „Проекти за две нови градинки во Општина Аеродром“, пишува:
Општина Аеродром склучи договори за изработка на основен проект за нова детска градинка во рамки на објектот „Пчелка 1“, која е клон на „Буба Мара“, како и за уште една градинка во рамки на објектот „Буба Мара“ во Ново Лисиче.
Како што соопшти општината, проектната задача за изградба, поточно за реконструкција и доградба на објектот „Пчелка 1“ треба да опфаќа целосна промена на надворешната и внатрешната столарија, целосна реконструкција на сите подови, плафони, внатрешни и надворешни ѕидови, термо-фасада, електротехнички инсталации, инсталации за греење, реконструкција на чајната кујна според правилата на Хасап системот, како и реконструкција на санитарните јазли.
Исто така на 10 мај годинава порталот „Билд“ објави дека Општина Аеродром склучи договори за изработка на основен проект за нова детска градинка во рамки на објектот „Пчелка 1“, која е клон на градинката „Буба Мара“, како и за уште една градинка во склоп на објектот „Буба Мара“ во населбата Ново Лисиче.
Истата вест од 10 мај 2016 година ја има и на веб-страницата на општина Аеродром:
Деновиве Општина Аеродром склучи договори за изработка на основен проект за нова детска градинка во рамки на објектот „Пчелка 1“, која е клон на „Буба Мара“, како и уште една градинка во рамки на објектот „Буба Мара“ во Ново Лисиче.
Проектната задача за изградба, поточно за реконструкција и доградба на објектот „Пчелка 1“ треба да опфаќа целосна промена на надворешната и внатрешната столарија, целосна реконструкција на сите подови, плафони, внатрешни и надворешни ѕидови, термо-фасада, електротехнички инсталации, инсталации за греење, реконструкција на чајната кујна според правилата на Хасап системот, како и реконструкција на санитарните јазли.
Од ова може да се заклучи дека реконструкцијата на градинката Пчелка 1 сè уште не е почната, а се склучени само договори за изработка на основен проект. Рокот за реализација на ветувањето, пак, даден во изборната програма „Мојот избор“ (2013 година) е одамна пробиен. Поради тоа оценката за овој изборен проект на градоначалникот на Аеродром е „неисполнето.“
ЛИНКОВИ:
- Изборна програма на Ивица Коневски – „Мојот избор“ [Пристапено на 09.06.2016]
- Веб-страница на Оппштина Аеродром (10.05.2016) ОПШТИНА АЕРОДРОМ НАРАЧА ПРОЕКТИ ЗА УШТЕ ДВЕ НОВИ ДЕТСКИ ГРАДИНКИ [Пристапено на 09.06.2016]
- Билд (10.05.2016) Општина Аеродром нарача проекти за уште две нови детски градинки [Пристапено на 09.06.2016]
- Курир (10.05.2016, 09:44) Проекти за две нови градинки во општина Аеродром [Пристапено на 09.06.2016]
Оценето од: Владе Ѓорчев
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар